Крис Џенер (70) првпат ги покажа дланките со брчки по скапиот фејслифтинг – со месеци ги криеше со ракавици (фото)
- Детали
- среда, 31 декември 2025
Откако го направи скапиот фејслифтинг, Крис Џенер се појавуваше исклучиво со ракавици бидејќи дланките сепак ја откриваат нејзината возраст. Но, сега беше фотографирана без ракавици, а дланките ѝ изгледаат како на секоја 70-годишна жена.

Крис Џенер се подмлади за две децении со фејслифтинг за кој плати 100.000 долари.
Но, додека нејзиното лице ѝ ги крие годините, истото не може да се каже и за нејзините дланки.
70-годишната ријалити ѕвезда постојано носеше ракавици откако ја направи скапата процедура.
Но, во вторникот (30.12) беше фотографирана на островот Свети Вартоломеј во летно издание, секако, без ракавици.
Дланките на Крис изгледаат како и на секоја 70-годишна жена, но создаваат вистински контраст со нејзиното ново лице.
Жените од кланот Кардашијан-Џенер не кријат дека прават разни корекции, а за Крис Џенер се шпекулираше дека ги подмладила и дланките.
Гласините се појавија во 2016-та, кога Крис беше фотографирана со завои на рацете.
Сепак, тогаш нејзиниот портпарол сподели дека Крис направила операција од здравствени причини.
Крис можеби и немаше да ги крие дланките откако ја направи процедурата, ако јавноста не почнеше да коментира за ова.
Пред околу шест месеци, на Редит почна да се споделува фотка од Крис со опис: „Дланките не лажат“.
Во коментари, форумџиите се шегуваа дека сигурно ќе почне да ги крие со ракавици – и беа во право.
Можеби Крис нема да ги „подмладува“ дланките, но отсекогаш била отворена за нејзините процедури.
Еднаш дури се пошегува и дека единственото природно на неа бил нејзиниот нос.
Покрај скапиот фејслифтинг, Крис користи ботокс, ги има зголемено градите, има направено операција на ушите…
Спирова С. | Црнобело