Беше познат како дечкото што ја претепа Ријана, денес е кул татко – Крис Браун со синот на Греми 2026
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2026
Во 2009-та беше омразен откако ја претепа неговата тогашна девојка Ријана, на забава по повод Греми наградите, а сега, речиси три децении подоцна, Крис Браун се појави на настанот со неговиот син, двајцата облечени во кул аутфити и ги освоија срцата на публиката.

Иако беше еден од најпопуларните R&B артисти со успешна музичка кариера, која уште активно ја негува, сепак Крис Браун останува засекогаш запомнет и по неговите скандали во приватниот живот.
Ја претепа Ријана, 2 пати го избркаа од рехабилитација, го уапсија среде турнеја: Многуте скандали на Крис Браун
Најголемиот скандал датира од 2009 година, кога беше во врска со Ријана, со која беа омилен пар, додека една вечер не ја претепа.

По забава организирана во пресрет на тогашните Греми награди, тие се скарале заради порака што тој ја добил од друга жена, а Крис ја удирал, по што таа беше хоспитализирана.

Таа година двајцата требаше да настапуваат на Греми наградите, но ниту еден од нив не се појави на настанот.
Во меѓувреме, низ годините, пејачот имаше уште многу скандали, проблеми со законот и време поминато зад решетки.

Сега, речиси три децении по најголемиот скандал со Ријана, тој се појави на Греми наградите 2026, овој пат како кул татко, заедно со неговиот 6-годишен син.

Двајцата изгледаа стилски и оставија моден впечаток, а го освоија срцето на фоторепортерите и публиката, посебно малечкото момче кое позираше како модна икона со слатка насмевка.

36-годишниот Крис носеше кафеав кожен капут, а синот Аеко беше облечен во зелен капут со фармерки и кафеави мокасини.

Инаку, синот Аеко (роден во 2019) го има со поранешната девојка Амика Харис, а има уште две деца - ќеркичката Ројалти (родена во 2014) со Ниа Гузман и ќерката Лавли (родена во 2022) која ја има од Дајмонд Браун.
Уште неколку фотки со синот на Греми 2026:



М. М. | Црнобело