Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседнат со девици
- Детали
- сабота, 03 јануари 2026
Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала поради ова. Имено, го затекнала пејачот како ѝ седи во скут на мајка си.

Веќе не е тајна дека Елвис Присли бил чудна личност со бизарни навики.
Неговото однесување денес сигурно би било осудувано и тешко дека би бил миленик на публиката.
Неколку мрачни детали од животот на Елвис Присли:
Нема напишано ниту една песна и едвај свирел гитара
Голем број пејачи не ги пишуваат своите песни, но кога е во прашање ѕвезда ако Елвис Присли, нормално е да мислите дека самиот бил автор на барем дел од неговите песни.
Но, Елвис главно бил изведувач, немал напишано ниту еден стих, без разлика што некогаш бил наведуван како коавтор на неговите песни.
Дури и самиот има изјавено дека немал ни своја идеја за песна.
Притоа, иако свирел гитара, бил далеку од добар свирач, па ја користел само како реквизит за настап, а не како инструмент.
Честопати лажно се претставувал како полицаец
Сите знаеме дека е нелегално некој лажно да се претставува како полицаец, а уште помалку да пишува казни. Но, Елвис ги правел и двете.
Во детството, музичарот сонувал да стане полицаец. Но, бидејќи музичката кариера не му дозволила, некогаш со пријателите се шегувале со други луѓе, облекувајќи се како полицајци и пишувајќи им казни.
Пејачот одел дотаму што ставал и полициска сирена на својот автомобил.
Ја почна врската со Присила кога таа имаше само 14 години
Иако ова е веќе добро познат факт, вреди да се спомене во листата.
Присила имала само 14 години кога ја почнала врската со 24-годишниот Елвис.
Иако самата Присила тврдеше дека тогаш не ја ни допрел и немале односи, фактот дека сепак биле пар е морничав.
