„Моите девојчиња можеби никогаш нема да проодат“ - Британска пејачка скршена по страшната дијагноза за близначките
Лекарите таму им кажале дека девојчињата најверојатно никогаш нема да одат, ниту ќе можат да ја вратат силата во вратот за да ја држат главата исправена и дека ќе имаат траен инвалидитет.
„Доколку болеста не се лекува навреме, животниот век на детето не надминува две години“, вели таа, нагласувајќи дека е благодарна што нејзините ќеркички го добиле неопходниот лекарски третман.

„Без ова, тие немаше да преживеат“, вели таа.
Откако на нејзините близначки им била поставена дијагнозата, пејачката ја презела улогата на медицинска сестра, почнала да користи вентилатори за да ѝ помогне на една од нејзините ќерки да дише.
„Последните три месеци беа најтешкиот и најтажниот период од мојот живот. Имам чувство дека мојот живот целосно се промени. Ниедна мајка, ниеден родител не треба да поминува низ ова“, кажува во видеото.

Нелсон додава и дека верува дека нејзините ќерки ќе „се спротивстават на сите пречки“ и дека со соодветна грижа, ќе се борат со болеста.
Нелсон ги роди близначките во мај, но предвреме, во 31-вата недела од бременоста, по сериозни компликации.
Погледнете го целото видео:
А. Ј. | Црнобело
