Селена Гомез со стомаче и облини, посреќна од кога било на нејзината моминска забава – свршеникот слави во Лас Вегас
- Детали
- среда, 27 август 2025
Селена Гомез го помина викендот со пријателки на јахта во Мексико, а според изворите, поводот е нејзината моминска забава. Во црн костим за капење и без грам шминка, Селена изгледа подобро и посреќно од кога било, а блиските велат дека свршеникот Бени Бланко е главната причина за тоа.

Селена Гомез и Бени Бланко се свршија во декември, но уште не откриваат планови за свадба. Сепак, изгледа викендов организирале моминска и ергенска забава.
33-годишната пејачка го помина викендот на јахта во Мексико го група пријателки, а според изворите, поводот бил моминската забава на Селена.
Во лежерно издание без шминка, пејачката и другарките се сончаа, танцуваа и си правеа фотосесии.
Селена носеше црн едноделен костим за капење, а фановите коментираат дека за разлика од пред неколку месеци кога делуваше преслабо, сега, со облини и мало стомаче, изгледа навистина добро.
Пејачката отсекогаш била отворена за варирањето на нејзината тежина кое во голема мера е резултат на нејзините проблеми со здравјето.
Кога на почетокот од годината драстично ослабе, негираше дека користела Ozempic, туку дека почнал да се храни здраво и да вежба пилатес.
Таа истакна дека приоритет ѝ е да се сака себеси и да биде здрава, а фановите велат дека сега изгледа совршено.
Додека Селена уживаше на јахта со другарките, нејзиниот свршеник Бени Бланко беше во Лас Вегас, во луксузен ресорт каде што една ноќ чини и до 25.000 долари.
Тој сподели неколку фотки на Инстаграм Стори од краткиот одмор, а во описот вели дека никогаш нема да го заборави викендот во луксузниот ресорт.
Се шпекулира дека Селена и Бени ќе се венчаат следниот месец, но парот нема потврдено ништо.
„Свадбата ќе биде настан што ќе трае два дена, во Монтесито, Калифорнија. Сите поканети гости треба да си понесат вреќи за спиење“, открива изворот.
Тие не планирале раскошна забава, туку ќе ги поканеле само најблиските пријатели и членови на семејството, а од познатите личности се шпекулира дека ќе биде поканета Тејлор Свифт.
Од друга страна, Селена и Бени велат дека не се оптоварувале многу со планирање на свадбата.
„Возбудена сум за свадбата. Но, сега ни се случуваат многу работи – Бени работи на некои проекти кои мора да ги заврши. И двајцата имаме лични обврски пред да можеме да правиме свадба“.
Што се однесува на среќниот изглед на Селена, бројни блиски извори велат дека Бени има огромен удел во тоа.
„Бени прави да се чувствува посебно. Селена смета дека ниту еден партнер досега не ја третирал толку добро“.
Спирова С. | Црнобело
