Џеј Зи е неверен, Бијонсе е љубоморна: Знаци дека бракот на славниот пар нема да трае уште долго
- Детали
- среда, 07 јануари 2026
Според некои извори, Бијонсе честопати имала проблеми со љубомора и реагирала бурно дури и ако сопругот само разговарал со друга жена. Исто така, се шпекулира дека нејзиното семејство го мрази раперот.

Со години, Џеј Зи и Бијонсе важат за најмоќниот пар во музичката индустрија.
Но, иако однадвор изгледа како да живеат во бајка, веќе извесен период се шпекулира дека и на нивниот брак му се ближи крајот.
Причини зошто Бијонсе и Џеј Зи можеби нема да издржат уште долго заедно:
Бијонсе имаше само 19 години кога ја почнаа врската
Иако денес 12-годишната возрасна разлика меѓу Бијонсе и Џеј Зи не ни привлекува внимание, некои сметаат дека има влијание фактот што ја почнаа врската кога пејачката имаше 19, а раперот 31 година.
Џеј Зи, пак, пробувал да ја освои и порано.
Па, тоа што тој бил возрасен и мошне успешен маж, а Бијонсе уште била во тинејџерските години, сигурно се има одразено на нивната врска.

Џеј Зи беше многу помоќен од неа
Кога ја почнаа врската, Џеј Зи веќе беше ѕвезда, со огромна моќ и многу пари, додека Бијонсе допрва се прославуваше.
„Оваа разлика во нивната моќ можеби не е очгиледн.а. Но може да има влијание врз комуникацијата, границите што се поставуваат, па и што Бијонсе толерирала од него“, има изјавено извор близок до парот.
Иако денес се на исто ниво, изворот вели дека оваа разлика од минатото до денес влијае врз нивниот однос.

Џеј Зи честопати ја игнорирал Бијонсе
Џеј Зи самиот има изјавено дека бега од конфликти, особено кога е во прашање врската со Бијонсе.
Кога ќе се соочеле со проблем, или ја игнорирал пејачката или избегнувал да разговараат за тоа. Ова, нормално, се одразува лошо на врската.
Сепак, подоцна раперот изјави дека многу работел на себе и почнал да оди на терапија.

Славата им создава притисок
Бијонсе и Џеј Зи како пар веќе претставуваат бренд, а ова може да им создаде дополнителен притисок на врската.
„Кога врската е огромен дел од вашиот јавен имиџ, има постојан притисок сè да изгледа совршено. Ова некогаш значи дека треба да ги кријат реалните проблеми или да ги избегнуваат тешките разговори“, вели извор близок до парот.
Со текот на времето, проблемите што ги избегнуваат може да се натрупаат и едниот од нив кога-тогаш да „експлодира“.

