Џеј Зи е неверен, Бијонсе е љубоморна: Знаци дека бракот на славниот пар нема да трае уште долго
Никој не го заборава неверството на Џеј Зи
Не е тајна дека џеј Зи ја изневери Бијонсе, а некои сметаат дека пејачката уште му нема простено.
Но, бидејќи веќе беа славен пар, останала со него бидејќи сметала дека разводот лошо ќе се одрази врз нејзиниот имиџ.
„Некогаш кога во јавност изгледа дека проблемот е решен, нормално е да се прашате дали навистина го надминале или само од Бијонсе се очекувало да го заборави неверството.
Дали навистина му простила или ова е нешто што уште ја мачи зад затворени врати“, вели извор близок до парот.

Семејството на Бијонсе не го сака Џеј Зи
Сигурно знаете за инцидентот од 2014-та, кога сестра на Бијонсе, Соланж, физички го нападна Џеј Зи во лифт на Мет галата.
Со ова, на виделина излезе мислењето што го има семејство на Бијонсе за Џеј Зи.
Во 2025-та, пак, мајка ѝ на Бијонсе стисна лајк на објава поврзана со пријателството на Џеј Зи и Пи Диди, што дополнително ги разгоре гласините.

Добија дете во доста турбулентен период
Џеј Зи и Бијонсе ја добија првата ќерка во 2012-та, во период кога имаше многу драми во нивниот брак.
Па, почна да се шпекулира дека останале заедно само заради неа.
„Ако не беше ќерка им Блу Ајви, веројатно немаше да бидат заедно. Тешко им е да останат во брак. На Бијонсе ѝ требаше многу време за повторно да почне да му верува“, откри извор близок до парот.

Одамна имало гласини дека се разделуваат
Во 2014-та, извор сподели дека Бијонсе и Џеј Зи размислувале како да се разделат.
„Пробуваат да најдат начин да се разделат, без да се разведат. Ако не сте забележале, ни двајцата не ги носат венчалните прстени“.
Потоа, во 2017-та, и Џеј Зи спомна дека разводите се честа појава. Сепак, тогаш истакна дека луѓето треба да работат на себе за да ги избегнат.

Бијонсе имала проблеми со љубомора
Кога ќе се земе предвид минатото на Џеј Зи, веројатно не изненадува што Бијонсе честопати била љубоморна.
Имало ситуации и кога Бијонсе реагирала бурно и гневно ако Џеј Зи само зборува со друга жена.

Спирова С. | Црнобело
