Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шанса
- Детали
- четврток, 08 јануари 2026
Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период се шпекулира дека можеби повторно ќе ѝ дадат шанса на нивната врска. Во меѓувреме, извори тврдат дека дечкото на Џенифер, Џон Милер, е гневен и смета дека е запоставен и дека можеби ќе ја остави актерката ако продолжи вака со бившиот сопруг.

Среде разводот од Џеј Ло, најголемата поддршка на Бен Афлек му беше бившата сопруга Џенифер Гарнер.
Иако Бен и Џенифер останаа блиски по нивната разделба во 2018-та, се чини дека изминативе неколку месеци нивното пријателство е уште посилно.
Заедно ги поминуваат и важните празници, па веќе се шпекулира дека можеби ќе ѝ дадат уште една шанса на врската.
И Бен и Џенифер главно избегнуваат да зборуваат за нивниот брак, но неодамна актерката ги сподели нејзините мисли за „тешкиот развод“ од актерот.
Во ново интервју, Џенифер открива како се чувствувала во период кога целиот свет зборуваше за нејзиниот развод.
„Нe ми е од корист да слушам озборувања за мене или кој било друг, најмалку за моите деца, па избегнувам да го правам тоа.
Мора да бидете паметни за работите со коишто можете и не можете да се справите. Јас не можев да се справам со она што се зборуваше за мене.
Но, она што се зборуваше надвор не е она што беше тешко. Она што беше тешко е растурањето на семејството. Тоа што изгубив вистински партнер и вистински пријател“.
Бен и Џенифер заедно добија три деца, а откако се разделија, актерката почна врска со нејзиниот сегашен дечко Џон Милер.
Но, многу почесто ја гледаме со Бен, кој минува многу време со неа, отколку со сегашниот партнер.
Откако Бен се разведе од Џеј Ло, почна да ги поминува и празниците со Џенифер.
„Иако Бен и Гарнер се разделени веќе некој период, тој се чувствува удобно покрај неа.
Бен имa силна врска со неа која никогаш нема да ја растури бидејќи имаат многу заедничка историја, но и бидејќи таа е мајка на неговите деца“, сподели извор во 2024-та.
