Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шанса
Бен ги поминал празниците со Џенифер и годинава, но изворите велат дека актерката сепак уште е во врска со дечко ѝ Џон.
„Како што го прославија денот на благодарноста заедно, Бен ќе го прослави и Божиќ со Џенифер и децата. Имаат убава рутина која им одговара на сите.
Бен минува многу време во куќата на Џенифер. Сите се среќни. Но, Џенифер уште е во врска со Џон“.
Бен ја донел дури и мајка му во домот на Џенифер, а наводно актерот секогаш бил добредојден кај неа.
„Џенифер ги прави празниците навистина убави. Таа е одличен готвач и сака целото семејство да е заедно. Бен е секогаш добредојден во нејзината куќа.
Одлично се согласуваат, а Џенифер е неговиот најголем фан. Им требаа години за да стигнат дотука и Џенифер никогаш не се откажа од него“.
Некои извори, пак, велат дека на Џон, дечкото на Џенифер, веќе му е смачено од односот на актерите.
Имено, сметал дека на Џенифер, главен приоритет ѝ е Бен.
„Џон беше многу трпелив, но несомнено станува потешко да ја игнорира динамиката на Џенифер и Бен.
Џенифер многупати му ветуваше дека работите ќе се сменат, но за жал, но нејзината врска со Џон е во втор план.
Џон ја сака Џен и го почитува тоа што е сериозна за нејзините деца. Разбира дека децата секогаш ќе ѝ бидат приоритет и во ред е со тоа.
Она што не у се допаѓа е тоа што Бен Афлек е поважен од него“.
Спирова С. | Црнобело
