Хит Леџер, Ејми Вајнхаус: Славни личности кои го загубија животот од предозирање
Џими Хендрикс
Иако остави огромен белег во музичката историја, Џими Хендрикс беше активен само четири години откако се прослави.
Речиси целиот живот водел битка со зависност од дрога и алкохол, за на крај да се предозира на 27-годишна возраст, исто како Џенис Џоплин и Џим Морисон.
Џуди Гарланд
Проблемите со дрога на Џуди Гарланд започнале поради кариерата што ја направи ѕвезда.
Никогаш не успеа да се ослободи од порокот, а имаше и сериозни проблеми со менталното здравје.
Актерката се предозира со седативи на 47-годишна возраст.
Витни Хјустон
Витни Хјустон беше една од најнаградуваните пејачки, но истовремено имаше и проблеми со зависност од кокаин.
Животот на пејачката заврши трагично – таа се удави во када, откако зела преголема количина кокаин.
Принц
Уште еден музичар кој остави огромен белег во индустријата, но чиј живот заврши трагично.
Принц се предозира од фентанил во неговиот роден град, на 57-годишна возраст.
Ејми Вајнхаус
Покрај својот талент, Ејми Вајнхаус ќе остане запаметена и по нејзината трагична приказна.
Откако се ослободи од зависноста од дрога, Ејми стана алкохоличар. Можеби најтрагично е што непосредно пред смртта се справи и со алкохолизмот.
Но, нејзиниот организам веќе претрпел сериозна штета, па кога повторно испила премногу, добила труење од алкохол и почина на само 27 години.
Мерилин Монро
Мерилин Монро до денес важи за најголема холивудска ѕвезда.
Но, додека многумина завидувале на нејзиниот живот, Мерилин била далеку од среќна.
Таа изврши самоубиство со предозирање со лекови на 36-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело