Чудниот конфликт на Бекамови кулминира: Бруклин побарал од родителите да го контактираат само преку адвокат
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
Преку својот адвокатски тим, Бруклин Бекам им порачал на родителите да го контактираат само преку неговиот адвокат. Бил поттикнат од гласините дека сопругата Никола го контролира, па и дека го „држи како заложник“. Сепак, Дејвид и Викторија не губеле надеж дека ќе најдат решение за чудниот конфликт.

Иако Бекамови се надевале на чудо за празничната сезона, конфликтот со син им Бруклин доби нов пресврт.
Како што открива Daily Mail, Бруклин побарал неговите родители да не го контактираат лично, туку само преку неговиот адвокат. Исто така, забранил да даваат какви било изјави или да објавуваат нешто за него на социјалните мрежи.
И, сето ова било договорено преку адвокатските тимови на Бекамови и Бруклин.
Иако писмото испратено до Дејвид и Викторија немало правна основа и тие не се правно обврзани да го почитуваат барањето, сепак им ставило до знаење дека Бруклин е сериозен во намерата веќе да прекине секаков контакт со нив.
„На Дејвид му кажаа дека може да го контактира Бруклин само преку адвокатската фирма. Сега ова е единствен начин за комуникација меѓу нив“, вели изворот.
Како што споделуваат изворите, Бруклин бил мотивиран да го испрати барањето откако во јавност се појавија гласини за неговата сопруга Никола Пелц.
Кога семејниот конфликт почна да привлекува внимание, извори блиски до Бекамови тврдеа дека Никола го контролира Бруклин, па дури и дека го „држи како заложник“.
Бруклин како и обично не ја коментира ситуацијата, додека Дејвид и Викторија одбиваат да даваат изјави со надеж дека бурата ќе се смири.
Некои извори велат дека Бруклин ги блокирал родителите на социјалните мрежи бидејќи не го почитувале неговото барање во писмото.
Имено, тие ги следеле неговите објави, па и му ги лајкувале, а Бруклин сметал дека со тоа ги преминуваат неговите граници.
Исто така, на Бруклин не му се допаѓале објавите на родителите кои некогаш суптилно го спомнуваат и него. Па, се плашел дека преку ноќ ќе објават нешто лошо за него или сопругата.
За потсетување, конфликтот започна уште пред свадбата на Бруклин и Никола во 2022 година.
Наводно, Викторија ѝ ветила на Никола дека ќе ѝ ја дизајнира венчаницата, но не го исполнила ветувањето.
Потоа, на самата свадба, Марк Ентони, кој е пријател на Бекамови, изјавил дека „Викторија е најубавата жена на настанот“. И, ова ја разгневило Никола.
Извесен период драмата стивна, но летоска Никола и Бруклин го пропуштија 50-тиот роденден на Бекам.
Тогаш на виделина почнаа да излегуваат детали за конфликтот, а Бруклин сè повеќе се оддалечуваше од семејството.
Што точно се случувало зад затворени врати останува мистерија за јавноста, но изворите велат дека Бруклин очекува извинување од родителите ако некогаш воопшто го подобрат односот.
Бекамови, пак, сметаат дека погрешно се претставени во лошо светло, но сепак, би сакале да бидат дел од животот на Бруклин.
Биле подготвени да остават сè зад нив, само за да имаат можност барем да го контактираат.
Па, и токму затоа повремено го спомнувале и Бруклин во објавите на социјалните мрежи.
Спирова С. | Црнобело