Ја изневери сопругата, поради закани од љубовницата ја призна аферата - Љубовниот скандал на ѕвездата на Bones
- Детали
- сабота, 17 јануари 2026
Како многу мажи во Холивуд, Дејвид Бореаназ потпадна под притисокот на славата и жените што му се фрлаа пред нозе, па ја изневери сопругата.

Се прослави со улогата на вампир во серијата Buffy The Vampire Slayer, а кога се појави во Bones, стана миленик на жените од различни генерации.
Но, како и многу мажи во Холивуд, Дејвид Бореаназ потпадна под притисокот на славата и жените што му се фрлаа пред нозе, па ја изневери сопругата, но таа му прости за грешката.
Со партнерката од Bones
Дејвид Бореаназ од 2001 година е во брак со актерката и поранешен модел на Плејбој, Џејми Бергман.
Една година по свадбата, тие го добија синот, Џејден Рејн, а во 2009 година се роди ќерката, Бела Вита Бардо.
Со сопругата Џејми
Тие важеа за совршено семејство, стабилен и хармоничен пар, без афери и скандали.
Сепак, неполни 10 години откако си кажаа „ДА“, бракот на Дејвид и Џејми се соочи со сериозна криза.
Во интервју за магазинот People, тој призна дека ја изневерил сопругата, и дека решил сам да каже поради притисокот што го имал од жената со која се впуштил во афера, а која му се заканувала дека ќе ја обелодени љубовната афера.
Љубовницата на актерот
Иако долго време по интервјуто актерот не сакаше да го открие идентитетот на својата љубовница, се дозна дека станува збор за Рејчел Учител.
За Рејчел и претходно се пишуваше во медиумите - таа стана најпознатата љубовница на голферот Тајгер Вудс.

Во тој момент, аферата на Дејвид и Рејчел предизвика огромен медиумски интерес, па освен што ја загрози неговата кариера, влијаеше и на неговиот брак, но и односот со децата.
Актерот подоцна во интервју истакна дека скандалот, колку и да бил болен, успеал да го зајакне неговиот брак.

Тој и неговата сопруга поттикнати од ова се соочиле со проблеми што претходно ги занемарувале и отворено почнале да работат на својата врска.
„Понекогаш се наоѓате во ситуации што можат да бидат деструктивни.
Дали верувам во откажување? Не верувам во тоа. Јас сум борец. Јас сум љубовник“, рекол Бореаназ, зборувајќи за периодот што можел да го уништи неговото семејство.

Откако ја плати цената за аферата, тој го чува приватниот живот за себе.