Виралните и најсмешните моменти на Леонардо ди Каприо на Златни глобуси (кои го претворија во меме)
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
Смешните реакции и гестикулации од годинава, но и моментот кога се исплаши од Лејди Гага на доделувањето во 2016-та – скоро секоја година, Леонардо ди Каприо привлекува најмногу внимание на Златните глобуси.

Секоја година, Леонардо ди Каприо успева да го украде шоуто на Златните глобуси, дури и кога не добива награда.
Со реакциите и изразите што ги прави седнат во публиката, на скоро секое доделување, 51-годишниот актер е најголемата ѕвезда, иако е меѓу најпознатите луѓе на планетата.
Доста често, пак, станува и меме поради смешните изрази и реакции.
Дел од најзабавните моменти со Леонардо ди Каприо на Златните глобуси:
Слаткиот момент со Џулија Робертс
На овогодишното доделување, во еден миг актерот разговараше со Џулија Робертс.
Додека позираа за неколкуте фотографии, Леонардо почнува да ѝ кажува и шеги и двајцата ја покажаа нивната „човечка“ страна, односно делуваа како најобични пријатели.
На видеото, некои коментираат дека никогаш не го виделе Леонардо поекспресивен и дека изгледа многу поопуштено од вообичаено.
„Леонардо сфати дека е главен на ваквите настани, па сега може да си дозволи да се шегува и да биде смешен“.
Видеото што го претвори во ново меме
Можеби највиралното видео од годинашното доделување на Златни глобуси е со Леонардо ди Каприо кој прави смешни изрази додека пробува да разговара со некој на друга маса.
Актерот покажува со прст кон некој, му покажува дека го гледал, па прави неколку смешни гестикулации.
Кога е во јавност, Леонардо обично си го крие лицето со маска, па беше освежување за фановите да го видат во вакво издание.
Добро се справува со шеги за неговите двојки
Повторно на годинашното доделување, Леонардо ди Каприо беше мета на шега од страна на комичарката Ники Гласер.
Во монологот со кој го отвори настанот, таа се пошегува за фактот што Леонардо излегува со многу помлади девојки.
„Каква кариера имаш. Безбројни легендарни изведби. Имаш соработувано со секој добар режисер, имаш освоено три Златни глобуси и Оскар.
Најимпресивно е што успеа да го постигнеш сето ова пред девојка ти да наполни 30 години. Лудо е“.
Потоа комичарката рече дека се извинува за „евтината шега“ и му порача на Леонардо да биде поотворен бидејќи никој не знае ништо за него, освен дека сака помлади девојки.
Актер, пак, правеше смешни изрази кои исто така станаа инспирација за мемиња.
