Виралните и најсмешните моменти на Леонардо ди Каприо на Златни глобуси (кои го претворија во меме)
Смешната реакција на Лејди Гага
Во 2016 година, Лејди Гага освои Златен глобус за најдобра ТВ актерка во споредна улога.
Кога пробуваше да помине низ масите, помина и зад Леонардо ди Каприо кој изгледа како малку да се исплаши кога ја здогледа.
Видеото се споделуваше вирално, а Леонардо сподели дека немал лоша намера, туку само се исплашил бидејќи не знаел дека некој пробува да помине зад него.
Уште една шега за неговите девојки
Во 2020 година, Рики Џервејс се шегуваше на сметка на принцот Ендру и неговата врска со педофилот Џефри Епстин.
Тој го спомна и филмот Once Upon a Time in Hollywood кој таа година имаше неколку номинации за Златен глобус.
Комичарот се жалеше дека филмот бил многу долг:
„Леонардо ди Капри беше на премиерата и додека филмот да заврши, неговата девојка беше престара за него… Дури и принцот Ендру му вели ’Лео, па имаш скоро 50 години‘“.
И оваа шега актерот ја дочека со широка насмевка.
Емотивниот момент со Кејт Винслет
Од снимањето на Titanic, Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо се мошне блиски пријатели и редовно го покажуваат тоа.
А, можеби еден од најемотивните моменти меѓу нив е од доделувањето во 2009 година, кога Кејт освои статуетка за улогата во Revolutionary Road.
Во својот говор, Кејт му зборуваше на Леонардо, а тој, пак, ѝ прати бакнеж.
„Лео, многу сум среќна што можам да стојам овде и да ги кажам колку те сакам и колку те сакав сите овие 13 години. Те сакам со целото мое срце. Навистина“.
Спирова С. | Црнобело
