Дали Енрике Иглесијас зборува со татко му Хулио, кој доби тужба за силување (и се фали дека спиел со 3.000 жени)?
- Детали
- четврток, 15 јануари 2026
Хулио Иглесијас е под истрага за сексуално вознемирување, па се претпоставува дека инцидентот повторно ќе му го наруши односот со син му Енрике. За потсетување, тие не зборуваа повеќе од една деценија, откако Енрике си заминал од дома на 18-годишна возраст.

Пред неколку денови, во јавност излезе информацијата дека таткото на Енрике Иглесијас, Хулио, е обвинет за силување и сексуално вознемирување на две жени кои биле вработени кај него
Шпанското обвинителство потврди дека започнале истрага против 82-годишниот пејач, како и против двајца менаџери на неговите имоти.
Двете жени кои го тужат пејачот тврдат дека пејачот физички ги напаѓал и велат дека се чувствувале како „робинки“.
Користејќи псевдоними, двете жени детално ја опишуваат траумата што ја доживеале за шпанскиот медиум elDiario.
Откриваат дека едната од нив била хигиеничарка, а другата физиотерапевт, а двете биле вработени кај Хулио и живееле во неговата куќа.
Нападите се случиле во 2021 година, во раскошните куќи на Хулио во Доминиканска Република и Бахамите.
Едната од девојките тогаш имала само 22 години.
Тие раскажуваат дека бидејќи живееле кај него, Хулио имал целосна контрола над нив – на едната дури и ѝ го проверувал телефонот.
Додека едната од жените се соочила со сексуално вознемирување, другата била и силувана од пејачот. Кога конечно успеала да даде отказ, открива дека била дијагностицирана со депресија.
Засега Хулио се нема огласено за обвиненијата и статијата на elDiario, но медиумот истакнува дека побарале изјава од него пред да го објават текстот.
Додека истрага трае, надлежните најверојатно нема да откриваат детали.
Инаку, Хулио одамна има репутација на женкар, а се шпекулира дека спиел со повеќе од 3.000 жени.
На прашањето дали овие гласини се точни, тој има изјавено:
„Веројатно тоа е бројката до 1976-та, не ги избројале другите жени потоа“.
Неодамна Хулио имаше и друг судир со законот – маж од Шпанија тврдеше дека тој е негов биолошки татко.
Хулио одбиваше да направи ДНК тест, но на крај тестот сепак беше направен, со што се потврди дека тој е негов татко.