Дали Енрике Иглесијас зборува со татко му Хулио, кој доби тужба за силување (и се фали дека спиел со 3.000 жени)?
Хулио има уште осум други деца од две жени, вклучувајќи го и синот Енрике Иглесијас.
Енрике, пак, уште молчи за вознемирувачките обвиненија против татко му, а можеби ова повторно ќе го наруши нивниот однос.
Иако Хулио можел да му помогне на Енрике да ја изгради својата музичка кариера, кога наполнил 18 години, пејачот решил да си замине од дома.
Сакал самиот да успее, а токму оваа желба за независност создала раздор во нивниот однос.
„Имавме сериозна караница бидејќи мислеше дека е чудно што јас сакам да бидам дел од музичката индустрија, а не му кажав.
И, потоа одеднаш си дојдов со договор за снимање албум. Си заминав од дома и никогаш не се свртив назад“, има изјавено Енрике.
Тие не зборувале со години.
„На 18-годишна возраст целосно се одделив од семејството и беше тешко. Си заминав и десет години немав никаков контакт со татко ми“.
Сепак, Енрике имаше изјавено дека иако не зборувале, секогаш имал почит кон татко му. Дури во 2020-та пејачот откри дека го подобриле односот со Хулио.
„Имавме многу убав разговор. Атмосферата беше убава, ми даде утеха“.
Се претпоставува дека главната причина за примирјето меѓу Хулио и Енрике се децата на пејачот што ги доби со Ана Курникова.
Извесен период се шпекулира дека Енрике не му дозволува да ги види, па Хулио реши да се огласи:
„Многу добро си ги познавам внуците. Јас се гледам себеси во Енрике, а него го гледам во моите внуци. Гените се волшебни“.
Енрике одбива да го коментира животот на татко му, но се шпекулира дека сега, по обвиненијата, односот меѓу нив повторно ќе се залади.
Спирова С. | Црнобело