„Опседнат е со контрола и совршенство“: Што велат познаниците за карактерот на Дејвид Бекам, среде драмата со Бруклин?
- Детали
- сабота, 24 јануари 2026
„Неколку години живеев со Бекам. Само ќе ви кажам дека сака да има апсолутна контрола и дека е опседнат со совршенство“, сподели поранешен колега на Дејвид, кој вели дека му верува на син му Бруклин.

Со години Бекамови се едно од најпознатите семејства во светот, со армија фанови кои имаат само почитување за нив.
Но, навидум совршеното семејство има свои проблеми кои излегоа на виделина со објавата на Бруклин Бекам.
Јавноста е поделена во врска со целатa ситуација – некои сметаат дека Бруклин е само разгален и под контрола на сопругата Никола, додека други велат дека му веруваат бидејќи Дејвид и Викторија не биле добри луѓе.
А, почнаа да се огласуваат и поранешни колеги на Дејвид кој велат дека тој е „контрол фрик“ и дека е опседнат со совршенство.
Поранешниот фудбалер Џон Окејн кој играл со Дејвид во Manchester United откри дека живеел со фудбалерот додека биле во истиот клуб во 1990-тите.
И, тој му верува на Бруклин.
„Неколку години живеев со Бекам… Само ќе кажам дека сака да има апсолутна контрола и дека е опседнат со совршенство.
Ако требаше Бруклин да го каже ова и да го сруши имиџот за таканареченото совршено семејство, тоа значи дека брендот Бекам не треба да им биде поважен од децата, без разлика што се случило“.
Во 2024 година, друг поранешен фудбалер зборуваше за навиките на Дејвид.
Гери Невил е близок пријател со Дејвид, а тој дури му беше и кум на свадбата со Викторија.
Но, призна дека не можел да го поднесе фудбалерот кога биле цимери.
Тие играа за истиот клуб и се договориле кога ќе одат на натпревари, да спијат во иста хотелска соба.
„Со Дејвид делевме соба околу шест месеци, но потоа почнаа да ги стават сите играчи во посебни соби.
Јас имав два проблема со Дејвид – си легнував во 21 часот, а станував во 5 наутро. Дејвид остануваше буден до 23 часот и се будеше во 8. Па, ме држеше буден од 21 до 23 часот“.
Гери вели дека иако си го сака пријателот, не можел да поднесе колку е педантен и колку сакал сè да биде „под конец“.