„Опседнат е со контрола и совршенство“: Што велат познаниците за карактерот на Дејвид Бекам, среде драмата со Бруклин?
„Дејвид е најчистата личност што ја познавам. Влегува во собата, ќе запали свеќи, ќе си ги нареди фотографиите – сè мора да биде совршено и таков е уште од 18-годишна возраст.
Јас бев малку неуреден, па воопшто не функциониравме заедно. Јас постојано зборувам, а тој е спротивно на тоа“.
Гери уште се нема огласено за конфликтот на Дејвид со син му, но бидејќи се блиски пријатели, веројатно ќе ја заземеме страната на фудбалерот.
Иако повеќе на шега, друг поранешен колега на Дејвид, Рајан Гигс, го има опишано како „дрзок“. Сепак не сподели повеќе детали за оваа импресија.
За драмата со Бруклин се огласи и Ребека Лус, поранешната асистентка на Дејвид Бекам, која исто така го поддржува син му.
„Многу сум среќна што истапи за себе и што конечно прозборе јавно!
Се чувствував лошо за неговата сопруга, бидејќи многу добро знам какви можат да бидат Дејвид и Викторија“.
Дејвид и самиот признава дека има опсесивно компулсивно нарушување, кое секако дека има влијание врз односот со семејството.
„Многу сум организиран, до точка што станува заморно. Некогаш ова ја нервира Викторија, некогаш ги нервира моите деца“.
Дејвид зборува за своето нарушување и во документарецот на Бекамови од 2023-та, каде откри дека минува часови чистејќи го и организирајќи го домот.
„Откако сите ќе си легнат, ги чистам свеќите, ги местам светилките, сакам да се осигурам дека сè е средено. Мразам ако станам наутро и на масите има чаши или чинии“.
Спирова С. | Црнобело