Двојничка на мајка му Викторија, Плејбој модел: Кои се бившите девојки на Бруклин Бекам?
Лекси Пантера
Иако Бруклин не ја потврди врската со другата Лекси, неколкупати беа фотографирани прегрнати и како се бакнуваат.
Сепак, оваа врска траеше релативно кратко.
Аби Манзони
Ова е уште една врска која Бруклин не ја потврди, но тој и Аби неколкупати беа забележувани заедно.
„Бруклин и Аби се однесуваа како пар, беа 'залепени' еден за друг и постојано се прегрнуваа и бакнуваа“, сподели извор кога првпат беа фотографирани заедно.
Лоти Мос
По кратката врска со Аби, Бруклин почна да се гледа и со помалата сестра на Кејт Мос – Лоти.
Наводно тие ја криеле врската од јавност, иако неколкупати биле забележани на забави низ Лондон.
Хана Крос
Хана Крос е блиска пријателка на Лоти Мос, но Бруклин не се ни трудеше да ја скрие врската со неа.
Почнаа да се гледаат кон крајот на 2018-та, а беа заедно околу девет месеци.
И, врската беше сè освен хармонична – на Канскиот филмски фестивал почнале да се расправаат толку гласно, што обезбедувањето ги разделило.
Потоа, на Модната недела во Лондон, Хан беше забележана како го напушта настанот расплакана.
Конечно раскинаа во 2019-та, а извори блиски до Бекамови открија дека тие биле пресреќни што син им ја раскинал токсичната врска.
Фиби Торенс
Врската на Фиби и Бруклин е можеби најбизарна, бидејќи Фиби е како двојничка на Викторија Бекам.
„Некои пријатели го задеваат, но Бруклин вели дека нема ништо ’едипово‘ во врската.
Но, Фиби им кажала на другарките дека на почетокот од кариерата како модел, имала неколку ангажмани каде што се преправала дека е Викторија“.
Спирова С.| Црнобело