Двојничка на мајка му Викторија, Плејбој модел: Кои се бившите девојки на Бруклин Бекам?
- Детали
- недела, 25 јануари 2026
Бруклин Бекам четири години беше во врска со актерката Клои Грејс Морец. Но, во периодите кога беа раскинати, тој излегуваше и со други девојки. Беше во врска и со девојка која е двојничка на мајка му Викторија.

Денес Бруклин Бекам е во среќен брак во Никола Пелц. Но, пред да ја сретне „вистинската“, излегувал со низа славни девојки.
Кои се бившите на Бруклин Бекам?
Клои Грејс Морец
Во 2014-та, тогаш 15-годишниот Бруклин почна врска со актерката Клои Грејс Морец.
Се запознале на часови по танцување и набрзо потоа почнале да излегуваат, а воопшто не ја криеја врската од јавност.
Неколкупати раскинуваа и се смируваа, а беа заедно околу четири години.
„Со години раскинуваме и се смируваме, а кога ќе се смириме, се чувствуваме како да не сме поминале воопшто време раздвоени. Мислам дека тоа е најважното нешто. Си имаме наш приватен свет, а ова ни е важно и на двајцата“, има изјавено Бруклин.
И покрај тоа што Бруклин тврдеше дека се многу вљубени и среќни заедно, во 2018-та ставија крај и не си дадоа уште една шанса.
Соња бен Амар
Во 2015-та, додека правеше пауза од врската со Клои, Бруклин пет месеци се гледаше со француската актерка Соња Бен Амар.
Се запознале околу една година пред да ја почнат врската, односно додека Бруклин бил во врска со Клои.
Иако нивната врска траеше кратко, според некои извори, младата актерка оставила мошне добар впечаток кај Бекамови.
Откако раскинаа, остана во контакт, а во 2017-та, дури и беа фотографирани заедно, со Викторија Бекам.
Овој период Бруклин повотрно беше во врска со Клои.
Медисон Бир
Во 2017-та, повторно додека правеше пауза од Клои, Бруклин се гледаше со пејачката Медисон Бир. Првпат беа забележани во локал каде не ги криеја прегратките и бакнежите.
„Дефинитивно си се допаѓаме, но и двајцата сме многу зафатени. Бруклин прекрасен, многу е сладок и е еден од моите најдобри пријатели. Заедно сме скоро секој ден“, сподели Медисон додека беа заедно.
Но, само еден месец подоцна раскинаа, наводно бидејќи на Медисон не ѝ се допаѓало да имаат врска на далечина.
По ова, Бруклин речиси веднаш ѝ се врати на Клои.
Лекси Вуд
Само неколку недели откако раскина со Клои (за последен пат), Бруклин почна врска со Плејбој моделот Лекси Вуд.
Иако суптилно, неговата бивша Клои го искритикува што толку брзо ја заменил со друга.
Иако нема доказ дека Бруклин ја изневерувал, според изворите, воопшто не ѝ било сеедно што ја преболел толку брзо.