Ким Кардашијан повторно критикувана за ќерка ѝ: „Норт не оди на училиште, дома ја учам како да изгради бренд“
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
Откако Норт се пофали дека не одела на училиште, се огласи Ким Кардашијан која го потврди ова и кажа дека ќерка ѝ се образувала дома. Но, немала класична настава, туку следела курсеви за градење бренд и музика. Па, Ким е критикувана дека прави сериозна грешка што го запоставува образованието на 12-годишната Норт.

Периодов Ким Кардашијан често се соочува со осуди поради нејзината 12-годишна ќерка.
Покрај модниот стил кој според многумина не е соодветен за мало девојче и пирсовите на прстите, сега Ким е критикувана дека го запоставува образованието на нејзината ќерка.
Неодамна, Норт Вест сподели видео на кое рапува песна што ја напишала со татко и Канје.
Во песната има стихови за нејзините пирсови и за нејзината сина коса, но Норт спомнува и дека не одела на училиште.
„Отидов на училиште два дена, па ме избркаа, не одам на часови“, гласи дел од песната.
Бидејќи јавноста почна да коментира за образованието на Норт, Ким реши да се огласи во поткастот на сестра ѝ Клои.
Ријалити ѕвездата потврди дека Норт не оди на училиште, туку се образува дома. Но, сподели и дека не следи стандардна настава, туку „реалистични курсеви“.
„Норт доби идеја да прави шешири и накит… па тоа го претворивме во курс. Таа треба да го направи дизајнот на веб-сајтот, таа треба да си го одреди буџетот и треба да отиде во продавница да ги купи материјалите што ѝ требаат.
Имаме и цели модни курсеви. Повеќе сака интерактивна настава, па јас се фокусирам на тоа. Ова е како работа со полно работно време и за мене и за нејзиниот наставник.
Мислам дека луѓето не сфаќаат дека јас сум со неа и со другите деца 24/7“.
Ким истакнува дека сега и самата се гледала како наставник.
„Изминативе шест месеци целосно се фокусирам на нејзините курсеви, ја имам наставната програма од наставниците и постојано сум со неа. Забавно е да ја гледам како цути“.
Ким вели дека фокус на образованието на Норт е и музиката – нешто што ѝ помогнало да се зближи со татко ѝ.
„Делот со музиката и продукцијата не е мој и тоа е како поврзаност со нејзиниот татко…
Мораме да комуницираме за тоа како Норт ќе се снаоѓа во овој свет. Важно е да го почитувам мислењето на Канје за она што се случува со неговите деца“.
Ким додава и дека таа ѝ помага на ќерка ѝ да научи како да основа и да води бизнис.
„Јас и помагам многу во учењето и она што го правиме, реалистичните курсеви, се работи што ја интересираат.
На пример, за математика – одредуваме буџет и го распоредуваме, купуваме и потоа го собираме и го одземаме сето тоа.
Норт има и часови за градење бренд, тоа е вистински курс, кој е интерактивен“.
Сепак, некои сметаат дека не е во ред образованието на Норт да се фокусира само на едно нешто и дека ѝ треба соодветна настава.
Некои сметаат и дека одењето на училиште е важно за социјализација.
„Значи, девојчето ќе порасне без никакви вештини?“
„Домашно образование со несоодветна програма? Мислам дека на девојчето ќе му треба малку интеракција и со надворешниот свет“.
„Значи Норт следи програма за основање бренд што си ја измислила мајка ѝ?“
„Правењето бренд не е училиштен предмет. Дали воопшто учи математика, природни науки, историја?“
„Ова ме прави гневен. Не само што не ѝ овозможуваат да се социјализира, туку не вложуваат во нејзиниот мозок и интелект. Со вакво образование, на Норт ќе ѝ биде многу тешко на факултет“.
„Само се надевам дека има одлучен тутор кој ќе ѝ помогне да научи нешто“.
Спирова С. | Црнобело