Бизарната опсесија на Марго Роби (35) со Џејкоб Елорди (28) додека го промовираат Wuthering Heights: „Дали е во отворен брак?“
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
Марго Роби десетина години е во брак со сопругот продуцент, но за време на промоцијата на новиот филм Wuthering Heights, не крие дека станала опседната со колегата Џејкоб Елорди. Поради изјавите на актерката, некои почнаа да се шегуваат дека можеби со сопругот имаат отворен брак.

Периодов Марго Роби и Џејкоб Елорди го промовираат нивниот нов филм, Wuthering Heights, кој е инспириран од истоимената книга од Емили Бронте.
Уште кога излезе првиот трејлер, дел од фановите на книгата истакнаа дека филмот делува премногу еротски, додека на другите им се допаѓаше новиот пристап кон приказната.
Но, покрај многуте „жешки“ сцени, сега доста внимание привлекува и однесувањето на ѕвездите во филмот – Марго и Џејкоб.
Досега филмот имаше неколку премиери ширум светот, како Лондон и Париз, каде Марго и Џејкоб само позираат заедно.
Но, изјавите што ги даваат во интервјуата периодов разгореа шпекулации дека меѓу нив можеби има и нешто повеќе.
Шпекулации се проблематични бидејќи Марго има сопруг, а овде и возрасната разлика на актерите – Марго има 35, додека Џејкоб има 28 години.
Во интервју од пред две-три недели, Марго сподели дека додека траело снимањето, Џејкоб ѝ приредил изненадување за Денот на вљубените.
„Снимавме на Денот на вљубените. Ти (Џејкоб) ми го разубави денот исто како Хитклиф, ја исполни мојата соба со рози.
Се сеќавам дека си помислив ’Сигурно е добар партнер‘ бидејќи навистина си се потрудил за ова“.
Во друго интервју, и Марго и Џејкоб споделија дека мразеле да снимаат одвоено.
„Навистина не сакав да снимам кога Марго не беше таму“, рече Џејкоб, на што актерката одаде: „Мразев да снимам кога ти не беше таму“.
Истовремено, тие признаа дека чувствувале љубомора кога снимале љубовни сцени со други актери.
Марго сподели и дека станала „зависна“ од Џејкоб додека траело снимањето.
