Бизарната опсесија на Марго Роби (35) со Џејкоб Елорди (28) додека го промовираат Wuthering Heights: „Дали е во отворен брак?“
„Станувам зависна од луѓето со коишто работам и сите ги сакам толку многу, па секогаш сум тажна кога завршуваме со снимањето.
Мислам дека истото почнав да го чувствувам за Џејкоб многу брзо“, изјави Марго.
Вели дека веќе до третиот ден на снимањето, не можела да си го замисли денот на сет без него.
Џејкоб, пак, изјави дека биле опседнати еден со друг.
„Мислам дека без разлика какво е дејството на филмот, ако делите филмски сет со Марго Роби, ќе се потрудите да биде во нејзина близина, постојано“.
Во една пригода, Марго дури и да заборави кој ѝ е сопруг.
За времена премиерата во Лос Анџелес, Марго зборуваше за тоа со кој би го гледала филмот.
Филмот ќе биде достапен во кината од 13-ти февруари, па Марго откри зошто ја избрале таа дата.
„Кога јас првпат бил го гледала филмот, би сакал да го гледам со моите другарки во петок навечер, да пиеме коктели, можеби и да се дотераме.
Потоа би отишла со мојот сопругот или кој било, на Денот на вљубените. Па, затоа заклучивме дека тоа е совршениот викенд за премиерата на филмот“.
Јавноста почна да се фокусира на тоа што Марго рече дека би ги гледала филмот со „сопругот или кој било“, па наводно ова било знак дека со колегата Џејкоб можеби се случува нешто повеќе.
„Кутриот сопруг“.
„Дали имаат отворен брак или? Зарем навистина рече ’сопруг или кој било‘?“
„Може мислела ’мојот сопруг или Џејкоб Елорди‘“.
Марго и сопругот се познаваат од 2013-та, а се венчаа во тајност неколку години подоцна.
Во 2024-та добија и син.
Уште почудно во ситуацијата со Џејкоб е тоа што сопругот на Марго, Том, е продуцент на новиот филм.
Па, нормално, и тој присуствуваше на премиерите, а сега извори блиски до парот велат дека не се чувствувал најпријатно за опсесијата на неговата сопруга со колегата Џејкоб.
Прочитајте и: Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерген во Холивуд?
Спирова С. | Црнобело
