Отиде на неговиот погреб, наместо на светската премиера на „Титаник“ - Трагичната прва љубов на Кејт Винслет
Тредре, кој почина од рак на коските, не дочека да го види огромниот успех што го постигна Кејт.
Тој почина во декември 1997 година, само неколку дена пред светската премиера на „Титаник“.

Кејт избра да оди во Англија за неговиот погреб, наместо да присуствува на гламурозната премиера во Лос Анџелес.
„Луѓето ми кажуваа работи од типот: ‘Види, разбираме, мора да ти е тешко, но зарем Стивен не би сакал да бидеш на премиерата?’
Не, воопшто не би го сакал тоа. Стивен би сакал да одам на неговиот погреб, да бидам таму“ - се присети таа во едно интервју.

Најголемиот професионален успех Винслет го постигна во најтешкиот период од нејзиниот живот.
Дири неколку години подоцна, Кејт призна дека е конечно свесна колку бил трауматичен тој момент.
„Кога ќе се сетам наназад, сфаќам низ што поминав навистина кога излезе „Титаник“. Болеше, бев збунета околу тоа која сум. Тој беше најважната личност во мојот живот, покрај моето семејство“ - рекла таа.

Кејт раскажала и дека го запознала Стивен додека била многу млада, несигурна и повлечена.
„Бев многу срамежлива, ранлива... Другите девојки ме задеваа. Бев цел на врсничко насилство.
Само ја држев главата спуштена и пуштав да се случуваат работите, тоа беше мојот начин на преживување. Стивен правеше да се чувствувам безбедно и прифатено“ - кажала Кејт.

Актерката зад себе има два неуспешни брака (3 години со режисерот Џим Треплтон, со кој ја има ќерката Миа и 7 години со актерот Сем Мендез кој ја изневери), а во моментов е во брак со Едвард Абел Смит, братучед на богаташот Ричард Бренсон.
Тие се венчаа во 2012 година, имаат син и живеат мирен живот во село во Сасекс, далеку од медиумите, камерите и гламурот.

А. Ј. | Црнобело