Отиде на неговиот погреб, наместо на светската премиера на „Титаник“ - Трагичната прва љубов на Кејт Винслет
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
„Луѓето ми кажуваа работи од типот: ‘Разбираме, мора да ти е тешко, но зарем Стивен не би сакал да бидеш на премиерата?’. Не, воопшто не би го сакал тоа. Стивен би сакал да одам на неговиот погреб, да бидам таму“, вели Кејт Винслет за својата прва љубов, мажот кој почина неколку дена пред премиерата на „Титаник“.

1997 година е без сомнение најважната и најсреќна во кариерата на Кејт Винслет - таа го заврши снимањето на „Титаник“, филмот кој ја вивна во ѕвездите, и ја чекаше неговата светска премиера.
Но, само неколку претходно, нејзиниот приватен живот го одбележа трагедија, која и по скоро три децении ја боли.

Британската актерка и оскаровка, која дури седумпати е номинирана за оваа награда, ќе ја памети 1997 година како една од најубавите, но и една од најтешките во нејзиниот живот - светот ја запозна како Роуз во филмот „Титаник“, а таа остана без својата прва љубов, актерот Стивен Тредре, кој почина од рак.
Малку е познато дека Винслет не присуствуваше на светската премиера на филмот што ја лансираше кон славата, бидејќи нејзиното поранешно момче почина неколку дена претходно.

Кејт и Стивен почнале љубовна врска на снимањето на нејзината прва ТВ-серија, научно-фантастичната драма Dark Season.
Во тоа време Кејт имала само 15 години, а Стивен бил значително постар - имал 27 години.

Но, тоа не им пречело да бидат заедно, ниту пак, медиумите во тоа време пишувале за фактот дека Кејт е малолетна.
Нивната врска траела четири и пол години, но раскинале пред Кејт да почне да го снима култниот филм.

Подоцна, во интервју, Кејт открила дека Стивен бил тој што инсистирал да раскинат, бидејќи не сакал Кејт да го занемари сопствениот живот и кариера за да се грижи за него, бидејќи веќе знаел дека се соочува со болест која веројатно нема да ја победи.
„Стивен ме пушти, тоа беше чин на љубов. Гледајќи наназад, би сакала да не го направеше тоа. Сакам да бев со него. До самиот ужасен крај.
Тој исчезна толку брзо, а јас сè уште размислувам за сите тие моменти.
Зборувам за Стивен како сè уште да го сакам. Но, јас го сакам. Се надевам дека ќе го сакам засекогаш“ - рече актерката во едно интервју.
