Се вљубија додека го снимаа Wuthering Heights, до денес си пишуваат писма: Љубовта на Том Харди и сопругата Шарлот е како на филм
„Хемијата беше неверојатна. Некогаш беше толку страсно, што морав да наредувам да се прекине снимањето“, има изјавено режисерката на филмот.

Не е познато кога точно ја почнале врската, но само една година откако се запознале, Том ја запросил Шарлот.
Тие беа свршени цели четири години пред да се венчаат бидејќи, како што открива Том, Шарлот не била жена која е лесно да се освои.
Сепак, пред свадбата додаде и дека е подготвен да ја чека целиот живот за да се венчаат.
Конечно, во 2014 година, Том и Шарлот се венчаа во Франција.

Бидејќи и двајцата се мошне приватни личности, малку се знае за нивната свадба.
„Беше убав, мирен ден кој беше многу посебен бидејќи со нив беа само најблиските пријатели и членовите на семејството.
Синот на Том од претходниот брак имаше важна улога во церемонијата, а Том и Шарлот навистина се потрудија да најдат место каде што ќе имаат приватност.
Немаше ништо раскошно на свадбата. Том и Шарлот отсекогаш велеа дека сакаат свадбата да биде само за нив двајцата и нивните семејства, а не некој голем настан“, сподели тогаш извор близок до парот.

Малку се знае за приватниот живот на актерите, но според извори блиски до парот, Том Харди бил вистински романтичар.
Бидејќи и двајцата се актери и се случува да минуваат многу време разделени, изворите откриваат дека тогаш си пишувале љубовни писма.
Актерот, пак, има изјавено дека сопругата му е омилената личност:
„Прекрасна е. Шарлот е многу добра, многу искрена личност“.

Повеќе од една деценија подоцна, Том и Шарлот уште се во среќен брак, а заедно имаат и две деца.
Том Харди има изјавено дека тајната за нивниот среќен брак во голема мера е и тоа што се држат настрана од јавност. Иако, признава дека некогаш ова е предизвик.
„Кога ќе видите славна личност, исто е како да видите жирафа на улица и го разбирам тоа.
Можам да видам како се однесуваат луѓето, забележувам кога се доближува некој со камера, со телефон. И, чудно е.
Што се однесува до мене, не ми пречи, но не дозволувам некој да ги фотографира моите деца“.

Инспирирана од сличните проблеми на другите славни личности кои сакаат а си ги заштитат децата, Шарлот има основано и фирма за дадилки наменети за родители кои се дел од забавната индустрија.

Шарлот била свесна и дека со оваа професија, родителите често отсуствуваат од дома, па идејата зад нејзиниот бизнис е дадилка која ќе се грижи за децата во близина на место каде што мајката или таткото треба да работат.
Спирова С. | Црнобело