Ријана сама пазари во маркет и покрај тоа што е милијардерка – Одбира овошје и зеленчук, се смее со купувачите (фото)
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
Ријана беше забележана како пазари во маркет во Лос Анџелес. Притоа, не беше во луксузните продавници за храна што ги сакаат богатите, туку во маркет каде што пазарат и „обични“ луѓе. Во лежерно издание, поради прстенот на левата рака, пејачката повторно ги разгоре и шпекулациите дека се свршила.

И покрај тоа што ужива во статусот на милијардерка, Ријана покажува дека е приземјена и не ги заборава своите скромни почетоци.
За разлика од повеќето ѕвезди и богаташи кои не пазарат сами, Ријана беше забележана во маркет во Лос Анџелес.
Притоа, не отишла во луксузните продавници за храна што ги сакаат богатите, туку вчера (10.02) беше фотографирана во Whole Foods – ланец маркети кои иако се малку поскапи, сепак се место каде што пазарат „обични“ луѓе.
Во лежерно издание со црн широк комбинезон, пејачката беше во друштво на маж кој веројатно ѝ е асистент или телохранител.
Тој само стоеше до количката, додека Ријана самата си пакуваше овошје и зеленчук, разговараше и се смееше со другите купувачи.
Во еден миг, постара жена по грешка ја фати количката на Ријана, па пејачката се насмеа за тоа.
На крај излезе од маркетот со орхидеја во саксија, а пред неа одеше асистентот со количката.
За пејачката подолг период се шпекулира дека се свршила со Ејсап Роки, а сега повторно ги разгоре истите гласни бидејќи во маркетот носеше прстен на левата река.
Ријана веќе неколку години прави пауза од музиката и се фокусира на својот бренд, но и на своето семејство.
Првото дете со Ејсап Роки го добија во 2022 година.
Следната година таа направи мал камбек со настап на полувремето на Super Bowl и тогаш откри дека го очекуваат второто дете со партнерот.
Минатиот септември тие добија и трето дете.
Извори блиски до пејачката велат дека отсекогаш сонувала за големо семејство, но што се однесува до свршувачка, па и свадба, никој не открива ништо.
Истовремено, веројатно Ријана ќе ја продолжи паузата од музиката бидејќи сакала целосно да се фокусира на семејството.