Пијан ја истепа бившата девојка, цел живот мака мачи со алкохолот: Најголемите скандали на Мел Гибсон
- Детали
- сабота, 14 февруари 2026
Неколкупати бил апсен за возење под дејство на алкохол, а не се срами да ги сподели своите хомофобични и антисемитски ставови придружени со многу навреди.

Мел Гибсон почна да се прославува во 1980-тите, благодарение на филмови како Lethal Weapon и Mad Max.
Ако тогаш беше репер за добар актер, сега многу повеќе се зборува за неговото проблематично однесување кое вклучува сè, од расистички изјави, до семејно насилство.
Дел од најголемите контроверзии поврзани со актерот:
Доби забрана за возење во 1983-та
Уште додека ја градеше кариерата во Холивуд, Мел Гибсон го покажа своето проблематично однесување.
Во 1983 година, додека возел под дејство на алкохол во Торонто, удрил во друго возило.
Со ова си заработил тримесечна забрана за возење.
Критики за хомофобија во 1990-тите
Мел Гибсон секогаш бил гласен за своите ставови, а неретко ги споделувал со жестоки навреди.
Во интервју за шпанскиот весник El Pais, на прашање а хомосексуалноста, Мел Гибсон изнакажа навистина лоши навреди за геј популацијата.
„Со ваков изглед, кој ќе помисли дека сум геј? Не дозволувам да има таква забуна за мене.
Дали изгледам како хомосексуалец? Дали зборувам како нив? Дали се движам како нив?“ – додаде актерот.
Во текот на деценијата имаше и други слични изјави кои беа осудувани од ЛГБТ заедницата.
Кога, пак, го праша дали планира да се извини, тој само кажа:
„Ќе се извинам кога ќе замрзне пеколот“.
Неколку месеци подоцна, актерот се сретнал со претставници на организација за заштита на ЛГБТ заедницата и неговиот портпарол сподели дека имале „убав разговор“.
Па, веројатно актерот се извинил за навредите.
Винона Рајдер го обвини за антисемитизам
Додека зборуваше за својата кариера во интервју од 2010-та, Винона Рајдер се присети на непријатна средба со Мел Гибсон.
„Се сеќавам, пред можеби 15 години, бев на една од оние големи холивудски забави. И тој, (Мел Гибсон) беше многу пијан. Бев со пријател, кој е геј. Мел кажа многу ужасна шега за геј луѓе.
Некако низ разговор спомнав дека сум Еврејка. Тој ми рече нешто во стилот ’избегнувачи на печка‘, но тогаш не го сфатив.
Никогаш претходно не сум го слушнала тој израз. Беше чуден момент и само си помислив дека Мел е антисемитист и хомофоб“.