Пијан ја истепа бившата девојка, цел живот мака мачи со алкохолот: Најголемите скандали на Мел Гибсон
Цела деценија подоцна, Винона повторно ја сподели истата приказна, но тогаш се огласи портпаролот на Мел Гибсон.
Тој тврдеше дека Винона лажела пред 10 години, а лажела и сега. Исто така сподели дека Мел пробувал да стапи во контакт со неа за да зборувале за нејзините лаги, но таа одбивала.
Винона повторно се огласи:
„Околу 1996 година, јас и мојот пријател ги слушнавме неговите зборови полни со омраза. Ова за мене е болно и многу јасно сеќавање“.
Во 2006 повторно беше уапсен за возење под дејство на алкохол
Во јули 2006 година, Мел Гибсон беше уапсен во Калифорнија за возење во алкохолизирана состојба.
Тогаш се скарал со полицаецот и го навредувал бидејќи бил Евреин.
За овие навреди, актерот призна вина и се извини:
„Се однесував како личност која нема контрола… Се посрамотив и себеси и моето семејство и за ова навистина жалам.
Цел живот се борам со алкохолизам и многу жалам што му се вратив на порокот“.
Тој ѝ се извини и на еврејската заедница.
Ја истепа девојка му под дејство на алкохол
Мел Гибсон имаше бурна врска со Оксана Григориева, а во 2010 година дури и ја нападнал.
Оксана побарала забрана за приближување, откако актерот, под дејство на алкохол, ја истепал.
Случајот отиде на суд и актерот направи спогодба. Три години имаше условна казна, а една година мораше да оди на терапија за справување со гневот.
Требаше да плати и казна од 40 долари.
Оксана и Мел Гибсон се разделија, а таа продолжи да се грижи за нивната ќерка.
Прочитајте и: Бурната врска на Мел Гибсон и Оксана, што речиси му ја уништи кариерата: Ја тепал, се плашела дека ќе ја убие
Спирова С. | Црнобело