Тоби Мегваер (50) по стапките на Леонардо ди Каприо – си фати 20-годишна девојка: „Ќерка му е на иста возраст, одвратно“
За Леонардо со години постоеше шега дека им раскинува на девојките штом ќе наполнат 26 години, иако се чини дека врската со сегашната девојка сепак е сериозна.
Претходно и Тоби бил забележуван во друштво на помлади жени, но инфлуенсерка е дефинитивно меѓу најмладите.
Иако не е потврдено дека се во врска, актерот сепак се соочи со критики, најмногу бидејќи инфлуенсерка е на иста возраст со ќерка му.
„Не е Спајдермен, туку предатор“.
„Учи од ди Каприо“.
„Јас имам 50 години и ми се гади од помислата да излегувам со 20-годишна девојка. Ова не е нормално“.
„Одвратно е, девојката е на иста возраст како ќерка му“.
Инаку, Роби беше во брак со Џенифер Мејер. Во 2006 година со Џенифер добија ќерка, а се венчаа следната година.
Потоа, во 2009-та добија и син.
Сепак, по девет години брак, Тоби и Џенифер споделија дека се разделуваат, а разводот го финализираа дури во 2020-та.
И покрај разводот, останаа во добри односи и заедно се грижеа за нивите деца.
Пред бракот со Џенифер, Тоби имаше врска со неколку славни жени, вклучувајќи ги Рашида Џонс, Никол Ричи, Деми Мур, Кристина Агилера…
Но, по разводот главно беше сингл и честопати беше забележуван со другар му Леонардо, неретко во друштво на многу помлади девојки.
Спирова С. | Црнобело