Тоби Мегваер (50) по стапките на Леонардо ди Каприо – си фати 20-годишна девојка: „Ќерка му е на иста возраст, одвратно“
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
Тоби Мегваер се соочува со критики откако беше фотографиран со 20-годишна инфлуенсерка на Super Bowl. Тој ја нема потврдено врската, но оние кои го осудуваат го споредуваат со другар му Леонардо ди Каприо, а истакнуваат и дека ќерка му е на иста возраст како инфлуенсерката.

На Super Bowl присуствуваа бројни славни личности, а имаше и нови парови од светот на шоу-бизнисот.
Ким Кардашијан како да ја потврди врската со Луис Хамилтон бидејќи заедно го следеа натпреварот.
Но, и актерот Тоби Мегваер, најпознат по улогата во Spider-Man, беше забележан со нова девојка.
50-годишниот актер го гледаше натпреварот со инфлуенсерката Мишка Силва која е цели три децении помлада од него.
Покрај папарацо фотките од парот кој седеше во ВИП ложа, 20-годишната Мишка и самата сподели фотки од натпреварот на Инстаграм Стори.
На едната фотографија се гледа теренот и ѕирка нејзината нога, а на другата таа позира во ложат. Сепак, не сподели фотка од Тоби.
За настанот, младата инфлуенсерка носеше фармерки, бела маичка и јакна со реси, додека Тоби избра стајлинг кој премногу потсетува на неговиот најдобар пријател – Леонардо ди Каприо.
50-годишниот актер носеше бејзбол капче и широка кошула.
Луѓето коментираат дека на Тоби и Леонардо не им е заеднички само стајлингот, туку и „љубовта“ кон многу помлади девојки.