Леонардо ди Каприо се крие под маска, Адам Сендлер нерасположен: Ѕвездите на Super Bowl 2026
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
Во публиката на Super Bowl 2026 можеа да се забележат некои од најпознатите луѓе во светот – од Ким Кардашијан со новиот дечко, до Орландо Блум кој ужива во сингл животот.

Овогодишното издание на Super Bowl кое се одржа синоќа (08.02) на едно место ги собра дел од најпознатите луѓе во светот.
Како најпопуларен спортски настан во САД, натпреварот го следеа десетици илјади луѓе во публиката, и уште над 100 милиони го гледаа преносот во живо.
За популарноста на настанот е задолжено и полувремето, каде секоја година настапуваат врвни музичари.
На Super Bowl 2026 настапуваше Бед Бани, а на сцена му се придружија и Лејди Гага и Рики Мартин, а подоцна се појавија и други ѕвезди, како Џесика Алба и Педро Паскал.
Во публиката, пак, можеа да се забележат бројни други славни личности.
Ѕвездите на Super Bowl 2026:
Џеј Зи и ќерка му Блу Ајви

Тревис Келце – свршеникот на Тејлор Свифт

Џон Бон Џови и сопругата Доротеа

Крис Прат

Роџер Федерер

