Ким Кардашијан и Луис Хамилтон заедно на Super Bowl по тајната романса – првпат флертуваат во јавност, им читаат од усни (видео)
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
По романтичниот викенд и гласините дека се во врска, Ким и Луис првпат се појавија заедно во јавност, на Super Bowl – си се смешкаат, а „читач од усни“ тврди дека наводно тој ѝ направил непријатно кога рекол: „Не ја запознавам секоја девојка со мајка ми“.

Минатата недела се раширија гласини дека новиот славен пар се Ким Кардашијан и нејзиниот долгогодишен пријател Луис Хамилтон, откако тие поминаа ноќ во луксузен хотел во Англија, а потоа и во Париз.
Прочитајте повеќе: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа за парови во хотел (фото)

Сега тие само ги разгореа гласините, кога вчера се појавија заедно на Super Bowl и привлекоа внимание со нивното блиско однесување, иако немаше ништо повеќе.
Прочитајте и Забавни и непријатни моменти на Super Bowl 2026 + најсмешните мемиња за настанот

Тие беа забележани како заедно влегуваат на стадионот, а ги снимија и додека седеа заедно, заводливо си се смешкаа и разговараа.
Двајцата беа облечени во целосно црни аутфити, а Ким го покажа деколтето и го дополни стајлингот со дијамантски чокер околу вратот.

Зад нив стоеја нејзината сестра Кендал Џенер со другарката Хејли Бибер кои изгледа дека добро се забавуваа.
Но, за некои очигледно не беа доволни нивните гримаси, па Daily Mail контактирале и експерт за читање од усни, кој наводно прочитал што си зборуваат и кои биле неговите зборови што направиле Ким да се почувствува непријатно.

„Не, не ја носам секоја девојка кај мајка ми. Мислам, ќе ја запознаеш некој ден, многу е возбудена да те види“ – рекол Луис, според експертот Никола Хиклинг, на што таа одговорила едноставно со „Океј“.
Според експерт за говор на тело пак, Ким користела флертувачка техника по име „топло и ладно“.

Погледнете видео од нивниот флерт:
Прочитајте и „Ким Кардашијан греши со Луис Хамилтон – ги понижуваше бившите, Никол Шерцингер постојано плачеше поради него“
М. М. | Црнобело