Спиела со моќни мажи и ги запишувала нивните тајни, била избодена на улица: Кој ја убил актерката Криста Хелм?
Жена која живеела на истата улица исто така изјавила дека слушнал викање, но не можела да види ништо поради дрвјата и грмушките во нејзиниот двор.
Полицијата уште тогаш верувала дека Криста е убиена бидејќи знаела премногу за некои важни луѓе.
Според некои извори, таа пишувала и мемоари пред да биде убиена, а она што го имала напишано дотогаш исто така било украдено.
Чудно е што смртта на Криста тогаш не привлекла многу внимание и повеќе ја интригира јавноста денес отколку во минатото.
Што се однесува од нејзиниот приватен живот, Криста останала бремена на 17-годишна возраст. Татко на детето бил 34-годишен карате тренер со кого и се венчала.
Но, само еден ден по церемонијата, тој ја оставил.
Сакајќи да стане филмска ѕвезда, потоа Криста се преселила во Њујорк, а ќерка ѝ ја оставила кај семејни пријатели.
Планирала извесен период да работи на кариерата, а кога ќерка ѝ ќе наполни 10 години, да почне да живее со неа. Но, никогаш ја немала оваа можност.
Криста се појавила во неколку неуспешни филмови и нејзината кариера брзо почнала да стагнира.
Сепак, откако направила пластична операција, била опишувана како „толку совршена што секој маж ја посакува, а секоја жена ѝ љубомори“. И, токму ова ја направило популарна.
Само неколку денови пред да биде убиена, Криста планирала да оди кај ќерка си.
Истрага за убиство на Криста не вродила со резултат, сè до 2006 година кога случајот одново бил отворен.
Во 1970-тите, ДНК анализата била научна фантастика, но не и во 2006-та.
Па, новата истрага покажала дека под ноктите на Криста има остатоци од ткиво кое ѝ припаѓа на неидентификувана жена.
Пред да биде убиена, Криста имала врска со жена – Пати Колинс – која исчезнала по смртта на актерката.
Поради ова, се појави и теоријата дека можеби таа ја убила Криста.
Некои се сомневаат и во и во друга личност – Дејвид Стајн.
Тој бил нарекуван „најголемиот макро во Њујорк“ и според некои гласини користел жени за да „копа“ информации за неговите богати клиенти.
Па, можеби Криста била една од неговите жени, знаела премногу, па тој ја убил.
Сепак, надлежните не успеале да го лоцираат Дејвид Стајн, сè до неговата смрт во 2021-ва.
Но, за ниту една личност нема цврсти докази, па убиството на Криста Хелм до денес останува мистерија.
Погледнете и: Била убиена во 8-ми месец од бременоста од култот на Чарлс Менсон: Тажната судбина на актерката Шерон Тејт
Спирова С. | Црнобело