Спиела со моќни мажи и ги запишувала нивните тајни, била избодена на улица: Кој ја убил актерката Криста Хелм?
- Детали
- сабота, 21 февруари 2026
Скоро пет децении, бруталното убиство на холивудската актерка Криста Хелм останува мистерија. Таа била избодена 22 пати на улица во Холивуд, а убиецот ѝ го украл дневникот во кој наводно ги запишувала имињата на нејзините љубовници, но и нивните најдлабоки и најмрачни тајни.

На Холивуд не му недостасуваат злосторства како напади, самоубиства во чудни околности, убиства, исчезнувања и што уште не.
А, некои вакви случаи остануваат нерешени со децении.
Во оваа категорија спаѓа бруталното убиство на холивудската старлета Криста Хелм.
На 12-ти февруари 1977 година, актерката Криста била избодена дури 22 пати со нож, а била удрена со тап предмет.
Иако не се појавувала во блокбастери, Криста била позната како девојка што сака да се забавува, па била мошне популарна во Холивуд.
Ноќта пред да загине, Криста била на забава со нејзината цимерка Стефани.
Му се јавила на музичкиот агент Сенди Смит за и тој да дојде. Но, тој ги одбил бидејќи бил премногу уморен.
Сепак, неколку часа подоцна, Криста е убиена токму пред неговата куќа.
На денот на убиството, кое го споредуваат со она на Шерон Тејт, Криста имала само 27 години.
Оттогаш истрагата за нејзиното убиство како да стои во место и полицијата нема ниту еден осомничен.
Па, нејзината смрт поттикна бројни шпекулации кои можеби и не звучат така лудо, ако се земе предвид случајот со Епстин.
Една од најпознатите теории за Криста е дека таа спиела со славни мажи, но и моќни луѓе, како политичари.
За своите средби со нив водела дневник, каде неретко ги запишувала и нивните најмрачни тајни.
Поради ова, некои се уверени дека Криста била убиена само затоа што знаела премногу и претставувала ризик за елитата во Холивуд.
Оние кои го имаат истражувано случајот независно сметаат дека Криста дефинитивно била убиена од личност што ја познава.
Актерката секогаш го носела дневникот со себе, во својата чанта.
Била убиена на улица, а нејзината чанта, во која наводно се наоѓал и дневникот, била украдена.
Според шпекулациите, Криста имала записи за ѕвезди како Џек Николсон и Мик Џегер, а наводно некогаш правела и аудиоснимки каде ги откривала работите што ги дознавала за моќниците.
Иако убиството се случило на улица, немало очевидци, но некои луѓе кои живееле во областа тврделе дека слушнале викање.
Еден од нив е актерот Џон Грис, најпознат по улогата во White Lotus, кој тогаш имал 19 години.
Тој вели дека се разбудил околу 1:30 часот бидејќи слушнал викање.
Го зел својот пиштол и излегол на улица, но не стигнал до местото каде што била убиена Криста.