Почина Роберт Дувал (95), поранешниот домар кој изговори една од најцитираните реплики во филмската историја
Неговиот прв брак почна во 1964 година, а се ожени со поранешната водителка и танчерка, Барбара Бенџамин, која имаше две ќерки од претходен брак. Тие се разделија во 1975 година.

Во 1982 година се ожени со Гејл Јангс, чии тројца браќа беа актери. Неа, Дувал ѝ ја припиша заслугата што ја извлекла понежната страна во него, но се разведоа четири години подоцна.

Од 1991 до 1995 година, тој беше во брак со танчерката Шерон Брофи.

A во 1997 година ја запозна Лусијана Педраза, Аргентинка, која е родена на ист ден како него, 5 јануари, но 41 година подоцна.
И двајцата обожаваа танго, а таа соработуваше со него на филм од 2002 година за танцувачки платен убиец, Assassination Tango. Три години подоцна се венчаа.

Музиката била прва страст на Дувал и тој сакал да биде оперски тенор. Но, родителите го натерале да учи глума како дете. Иако на почетокот не сакал, открил дека глумата му оди лесно.
Служел во американската армија во Кореја повеќе од една година, искуство кое повторно го преживувал снимајќи го филмот M*A*S*H во 1970 година, како некомпетентниот хирург, мајор Френк Бернс.

Славата дошла полека, откако ја напуштил војската, по неколку улоги на и надвор од Бродвеј.
Пред да почне да заработува од актерството, за да има пари да преживее, работел и во пошта, како продавач во Macy’s, но и како домар на Универзитет, каде што меѓу другото, и чистел ходници.

Полека, влезе на А листата на Холивуд, по улогата на адвокатот Том Хаген во првите два дела на Godfather, добивајќи номинации за БАФТА и Оскар во 1972 година.
Повторно беше номиниран за БАФТА и во 1977 година, како суровиот телевизиски извршен директор Френк Хакет во Network.

Следната година, глумеше заедно со својот идол, Лоренс Оливие, во Betsy. Потоа, со Apocalypse Now ја освои наградата БАФТА и доби уште една номинација за Оскар.
„Мило ми е што славата дојде доцна. Пред десет години, се сомневам дека ќе можам да се справам со тоа. Денес ми е поудобно,“ изјавил.

Потоа дојде проектот кој му донесе Оскар, Tender Mercies, во кој глуми алкохоличар, поранешен кантри пејач, Мек Слеџ, кој наоѓа искупување кај вдовица од Виетнамската војна.
Дувал самиот напишал неколку од песните за филмот, препуштајќи се на својата љубов кон кантри музиката.
И покрај неговото моќно портретирање на алкохолизмот, Дувал не пиел, не се дрогирал и не пушел.

Пред крајот на кариерата призна и дека имал многу лоши улоги, без да нагласи кои.
„Колку и да беа лоши улогите, јас никогаш не сум глумел лошо, само за да се појавам на филм, ме разбирате?
На секоја улога се предава 100% и добро си ја завршувам работата, па затоа ми даваат работа. А ме најмуваат многу“, рекол Дувал во едно од своите последни интервјуа.

А. Ј. | Црнобело