Ќерката на Гвинет Палтроу е разгалена дива како неа: Ја избркале од училиште поради булинг - таа негира
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
Неодамна, ќерката на Гвинет Палтроу се огласи за шпекулациите дека била избркана од училиште поради булинг и ги негираше. Во меѓувреме, јавноста почна да ја споредува со мајка ѝ Гвинет за која со години се зборува дека е разгалена дива уште од детството.

Гвинет Палтроу одамна има репутација на разгалена дива, а сега се шпекулира дека и ќерка ѝ го наследила нејзиниот карактер.
Епл Мартин, 21-годишната ќерка на Гвинет и Крис Мартин (пејачот на Coldplay) наводно била избркана од училиште поради булинг.
Впрочем, ова се гласини што кружат веќе неколку години и оние кои ја познаваат Епл тврдат дека се однесува како мошне злобна девојка.
Сега конечно Епл се огласи за шпекулациите:
„Здраво! Не сакав да одговорам, но овој наратив е потполно лажен и излезе од контрола. Никогаш не сум била избркана од училиште, уште помалку поради булинг.
Целосно разбирам дека некои луѓе не ме сакаат и тоа е во ред! Интернетот е место каде што луѓето можат да ги споделат своите мислења.
Но, овие гласини не се воопшто точни, јас не сум таква личност и секој што близок со мене го знае ова“.
Епл беше критикувана за своето однесување и во 2024 година, на таканаречениот дебитантски бал каде присуствуваат децата на моќните и богатите луѓе, обично кога ќе наполнат 18 години.
Од балот се појави видео на кои Епл му ги превртува очите на својот партнер и видео на кое ѝ упаѓа на друга девојка во кадар и делува како да ја брка од подиумот.
Па, имаше многу повеќе коментари за нејзиното однесување отколку за самиот настан.
„Зошто Епл се однесува така? Зошто не ѝ дозволи на другата девојка да има свој момент?“
„Лошо однесување за таков настан“.
„Ме потсетува на Реџина Џорџ од Mean Girls“.
Бидејќи разгаленото донесување на Епл повторно е во фокус, јавноста почна да коментира и за нејзината мајка, Гвинет Палтроу, која и самата потекнува од богато семејство.
А, низ годините, Гвинет имала многу повеќе испади од ќерка ѝ.
