Ќерката на Гвинет Палтроу е разгалена дива како неа: Ја избркале од училиште поради булинг - таа негира
53-годишната Гвинет е ќерка на актерката Блајт Данер и починатиот режисер Брус Палтроу.
Како ќерка ѝ, и Гвинет е порасната во Холивуд, опкружена со привилегии.
Многу луѓе кои ја познавале тврдат дека уште на училиште се однесувала разгалено - ги исмејувала другите, имала навика да игнорира пријатели, а ѝ има дадено и невкусен прекар на Винона Рајдер – „вагина Рајдер“.
Пред да почине, и таткото на Гвинет имаше изјавено дека славата што ја стекнала на рана возраст ја има претворено во „разгалено дете“.
За потсетување, Гвинет ѕвезда откако освои Оскар на само 26-годишна возраст.
Се има појавено во низа популарни филмови и дефинитивно се докажа како квалитетна актерка.
Сепак, татко ѝ навистина се трудел ќерка му да остане приземјена. И самиот ѝ кажал дека се однесувала како кретен откако го освоила првиот Оскар.
А, и Гвинет признава дека била разгалена.
„Освоив Оскар на 26-годишна возраст. Па, бев многу млада.
Мислам дека славата не е нешто најдобро за нас луѓето, бидејќи сите почнуваат да ви ги тргаат сите пречки од патот. И, мислам дека отпорот е она што не тера да созрееме.
Па, одеднаш, јас станав убава млада жена на која ѝ ги тргаа сите пречки… И мислам дека почнав да се однесувам малку чудно.
Па, татко ми еден ден ми рече ’Почнуваш да се однесуваш како кретен‘“.
Гвинет е обвинувана и дека создавала токсична работна средина во нејзиниот бренд Goop.
Според поранешни вработени, сите постојано биле изложени на огромен стрес, а и Гвинет имала навика да отпушта многу луѓе одеднаш, без најава, па ни причина.
Гвинет стои на ставот дека сето ова се лаги:
„Во Goop атмосферата била токсична. Ова ме излудува бидејќи не е точно.
Точно е дека сме имале неколку токсични луѓе и поради мојот страв од конфронтации, можеби не сум се справила со нив доволно брзо. За ова потполно преземам одговорност.
Но, ние имаме многу добра атмосфера. Ова е нешто на коешто сум горда“.
Гвинет била разгалувана од татко ѝ уште од најрана возраст и постојано ја опсипувал со скапи подароци.
„Кога татко ѝ Брус леташе со неа, секогаш купуваше билети за прва класа. Се шегуваше и дека Гвинет не знае како да сврти десно во авион (кон седиштата од економска класа)“, вели извор близок до познатото семејство.
Што се однесува до ќерка ѝ Епл, извори блиски до актерката тврдат дека воопшто не е разгалена, туку само е весела и забавна личност.
Сепак, голем дел од јавноста не верува.
Спирова С. | Црнобело
