Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари?
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бидејќи тој сепак беше актер кој заработуваше милиони. Но, негови блиски откриваат дека битката со болеста била причина за огромни медицински долгови. Слична е ситуацијата и со други ТВ актери кои и покрај успешната кариера, тешко си ги покривале трошоците, особено ако се соочувале со здравствен проблем.

По трагичната смрт на Ерик Дејн, негови блиски пријатели направија кампања за донации на GoFundMe, со цел да ги поддржат неговите ќерки Били (15) и Џорџија (13).
Првичната цел на кампањата беше да се соберат 250.000 долари, но за неколку денови сумата се дуплира на половина милион долари.
„Како што неговата болест прогресираше побрзо од што можеше да се замисли, пријателите на Ерик заедно ја направија оваа GoFundMe кампања за да ги поддржат неговите ќерки и нивните потреби во иднина…
Секоја донација, без разлика колкава, ќе помогне да им се овозможи стабилност во овој тежок приод и иднината на неговите прекрасни ќерки. Ви благодариме“, пишува на веб-сајтот на кампањата.
Низа славни личности направија донација, како Хејли Бибер која донирала околу 20.000 долари.
Но, кампањата наиде и на остри критики од јавноста бидејќи Ерик Дејн беше познат актер кој веројатно имал милиони.
Односно, сигурно имал заработено доволно за да им обезбеди удобен живот на ќерките.
„Ерик беше актер и сигурен сум дека имал пари“.
„Жал ми е што Ерик ден почина. Но, зошто се собираат донации за неговите деца? Тој беше мултимилионер. Не верувам дека немал животно осигурување“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
По реакциите на јавноста, извори блиски до него споделија дека реалноста за актерот била многу поразлична.
Според нив, точно е дека актерот заработувал доволно за удобен живот, но битката со амиотрофична латерална склероза го чинела многу.
„Пандемијата и амиотрофичната латерална склероза ја оштетија неговата животна заштеда и тој, за жал, не можеше на семејството да му остави ресурси какви што се надеваше“, сподели близок пријател на актерот.
Сега, пак, таблоидот TMZ сподели дека според нивното истражување, Ерик имал огромни медицински долгови поради неговата болест.
Неодамна се дозна и дека Ерик Дејн живеел во една од куќите на Џони Деп во Лос Анџелес.
Актерот му дозволувал да живее без да му бара пара за кирија, што бил уште еден показател за неговата лоша финансиска состојба.
Слична беше ситуацијата и со актерот Џејмс Ван Дер Бик кој почина на 11-ти февруари годинава.
