Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари?
Како Ерик, и Џејмс беше популарен ТВ актер, најпознат по серијата Dawson’s Creek.
И тој почина релативно млад – на 48-годишна возраст – од рак на дебелото црево.
По смртта на Џејмс, неговата сопруга Кимберли остана сама со нивните шест деца на возраст од 4 до 15 години.
За неговото семејство беше направена кампања на GoFundMe која исто така се соочи со критики, од истите причини.
Поради болеста, и Џејмс имал огромни медицински долгови кои сега неговата сопруга треба да ги исплати. Па, одовде била и потребата за кампања на GoFundMe.
Трагичните приказни на Ерик и Џејмс како да му покажаа на светот дека успешната кариера како ТВ актер не значи и финансиска стабилност, а според некои извори, ова се должи на „лошите договори“ што ги правеле.
Додека се емитуваше серијата Dawon’s Creek, некои актери добивале и по 35.000 долари од епизода.
Сепак, помладите актери не биле свесни дека нема да добиваат екстра пари од гледаноста на серијата поради нивните лоши договори.
На пример, серијата Friends е една од најпопуларните во светот. Покрај парите што ги добиле актерите додека ја снимале, тие сега добиваат и по 20 милиони долари годишно бидејќи серијата уште заработува од емитувања на ТВ канали.
Но, ова не било случај за ѕвездите од Dawson's Creek.
„Имав само 20 години и направив лош договор. Не добив речиси ништо од серијата“, изјави Џејмс во 2012 година.
И актерот Ерик Дејн наводно бил во слична положба. Иако беше ѕвезда во Grey’s Anatomy, веројатно не добивал ништо или добивал некоја минимална сума од серијата, без разлика што е популарна и гледана до денес.
Истовремено, повеќето актери се водат како „самовработени“, а ова значи дека немаат приватно здравствено осигурување.
Добро познат факт е дека здравствените услуги во САД е екстремно скапи, па луѓето брзо заглавуваат во огромни долгови само затоа што отишле на лекар. Ова се случува без разлика што имаат здравствено осигурување.
Покрај тоа, во Лос Анџелес се плаќаат огромни даноци на оние кои живеат во куќи вредни неколку милиони.
Ова значи дека основните трошоци значително се зголемуваат, па без разлика што некои заработуваат милиони, им станува тешко да ги покријат сите долгови.
Дури и низа славни личности имаат коментирано дека на почетокот од кариерата, пред да станат екстремно богати, им било тешко да држат чекор со трошоците.
Ребел Вилсон има изјавено дека нејзината улога во Bridesmaides не ѝ донела никаква заработка.
„Не заработив ништо. Наместо тоа, изгубив пари бидејќи требаше сама да си купам фустан за премиерата и сето тоа“.
Тој период Ребел живеела во Лос Анџелес со едвај 60 долари неделно што за град како Лос Анџелес е навистина мала сума.
Многу актери имаат изјавено и дека не можат да си дозволат да не работат поради екстремно скапиот живот.
Сидни Свини вели дека поради оваа причина нема деца.
„Многу сакам семејство, но ако не работам, ќе немам пари со кои би можела да ги издржувам овие деца.
Не им плаќаат на актерите како порано и со стриминг платформите, актерите не добиваат екстра пари за нивните филмови серии.
По сите сметки и долгови, ми остануваат малку пари. Давам 5% на мојот адвокат, 10% на моите агенти, 3% на мојот менаџер.
Треба да му платам и на мојот публицист, а ова чини повеќе од ратата за мојот дом“.
Спирова С. | Црнобело
