„Едвај станувам од кревет, некогаш морам да носам пелени“: Кристина Еплгејт искрено за битката со мултипла склероза
„Сите доаѓаме од некаде, некои места поболни од другите… Моите мемоари не се инспиративна книга, во никој случај. Но, можат да инспирираат“.
Кристина пишува за нејзиното детство кое го одбележале трауми, како сексуално малтретирање.
Истовремено, нејзината мајка била зависничка од хероин и имала насилен дечко кој некогаш ја напаѓал и Кристина.
„Мислам дека на возраст од три до седум години бев во најлошата можна ситуација, но мислам дека тоа се работи што се случуваат во сите домови.
Сингл мајки, мажи кои доаѓаат и си одат, дрога. Навистина е забавно да ја гледате мајка ви како плаче на подот и воопшто не се грижи за вас“, вели актерката саркастично.
Кристина успеала да избега од сиромаштијата благодарение на актерската кариера и почнала таа да се грижи за мајка си. Но, нејзините проблеми не завршиле овде.
Едно од потрауматичните искуства е врската со насилен дечко, која ја почнала во доцните тинејџерски години.
„Мајка ми секогаш ми велеше ’Никогаш не сум сретнала наркоман што не ми се допаѓа‘. И, така бев воспитана.
Никогаш не сум била со партнер кој имал вистинска работа. Секогаш бев со овие скршени личности кои сакав да ги поправам.
Мислев дека ќе можам. И знаете што? Не можев. Можеби ова ќе биде лекција за некој“.
Што се однесува до битката со мултипла склероза, Кристина не се плаши да ги открие и најнепријатните работи.
Во интервју од пред околу две години, Кристина сподели дека понекогаш мора да носи пелени.
Поради мултипла склерозата, некогаш не може да отиде ни до тоалет, па побезбедно е да носи пелени за возрасни.
Тогаш дури и се пошегува дека иако пелените обично биле розови, а имале и цветови на нив, кога ги носела ѝ било особено тешко да се почувствува секси.
Кристина има откриено и дека болеста ја спречува да прави работи на кои другите не ни им обрнуваат внимание.
„Со мултипла склероза, никогаш немате добар ден. Обично се помалку ужасни денови. Има луѓе кои ме прашувале зошто не сум се туширала почесто.
Е, па, бидејќи туширањето е страшно. Можам да паднам, да се лизнам. Особено бидејќи имам стаклена туш-кабина, страв ми е да влезам во неа.
Има некои работи што луѓето ги земаат ’здраво за готово‘ – и јас го правев истото. Симнување со скали, кревање и носење нешто – не можам да правам ништо од ова“.
До 2025-та, Кристина откри дека била хоспитализирана преку 30 пати, како и дека болката што ја чувствува некогаш е неподнослива.
„Болеста може да се манифестира на различен начин кај секого. Јас, на пример, лежам во кревет и врескам – имам силни, остри болки…
Некогаш, пак, не можам да си го земам ни телефонот во рака. Не можам да го држам далечинскиот управувач. Не можам да отворам ни шише“.
Прочитајте и: Кристина Еплгејт имала анорексија пред ракот на дојка и мултипла склерозата: „Сакав да ми се познаваат коските, јадев само 5 бадеми дневно“
Спирова С. | Црнобело