Во тајност се оженил со арапска принцеза, па исчезнала без трага: Мистериозната љубов на познат британски пејач
- Детали
- недела, 01 март 2026
Стедман Пирсон се венчал со принцезата Хеса од Дубаи во 1990-тите. За нивниот брак знаеле само најблиските пријатели на пејачот и повеќе од една деценија, успешно ја криеле тајна од моќното семејство на принцезата. Но, кога сакале да ја откријат вистината, Хеса исчезнала...

Стедман Пирсон беше познат британски пејач кој се прослави со поп групата Five Star.
Во родната Англија, Стедман беше огромна ѕвезда, а и по неговата смрт во 2025 година, фановите останаа верни на неговата музика.
Пејачот имаше дијабетес, а како што сподели неговото семејство, починал поради компликации од болеста. На денот на смртта имаше 60 години.
Кратко по неговата смрт, почна да се шпекулира за необичен детаљ од животот на пејачот.
Наводно, во 1990-тите, тој во тајност се венчал со принцеза од Дубаи која, пак, потоа мистериозно исчезнала.
Што знаеме за бракот на Стедман и принцезата од Дубаи?
Кон крајот на 1980-тите, Стедман Пирсон веќе беше ѕвезда во Англија и наводно тој период ја запознал Хеса Ал Мактум – принцеза од владејачкото семејство на Дубаи.
Целата приказна за Хеса е обвиена со мистерија, па нема веродостојни извори за тоа кој точно е нејзиниот татко или колку години имала.
Се претпоставува дека нејзиниот татко бил шеикот Мактум бин Рашид Ал Мактум. Според некои британски медиуми, кога го запознала Стедман имала околу 16 години.
Тој период Хеса била во Англија и многу ја сакала групата на Стедман – Five Star.
Стедман, пак, живеел во близина на куќата во којашто престојувала Хеса и така се запознале.
Не се познати многу детали, но наводно со текот на времето, од нивното пријателство се родила љубов.
Поради тоа што потекнуваат од разни култури и фактот што Хеса е од владејачкото семејство во Дубаи тие знаеле дека нивната љубов е невозможна.
И покрај ова, Хеса и Стедман се венчале во 1990-тите (според некои извори во 1994 година). Тогаш Хеса имала 22, а Стедман 30 години.
Како што споделуваат британските медиуми, се венчале во тајност, во Флорида, а потоа направиле уште една церемонија во Лондон.
На венчавката не присуствувале ни членови на семејството, ниту пријатели, а морале да бидат толку таинствени, што не можеле ни да живеат заедно.