Во тајност се оженил со арапска принцеза, па исчезнала без трага: Мистериозната љубов на познат британски пејач

Хеса била свесна дека нејзиното семејство нема да го одбори бракот, па дури и стравувала дека ќе ѝ наштетат ако дознаат што направила.

„Беше лудо што одлучија да се венчаат. Беа луѓе од потполно различни култури.

Таа беше принцеза која се венча без благослов од нејзиното семејството. Па, јасно е колку била преплашена за нив двајцата“, открива извор за Daily Mail.

vo-tajnost-se-ozhenil-so-arapska-princeza-pa-ischeznala-bez-traga-misterioznata-ljubov-na-poznat-britanski-pejach-9.JPG

По некое време, Стедман почнал да ја претставува Хеса како негова сопруга.

„Откако ја сретнав Хеса неколкупати, го прашав која е. Ми рече дека му е сопруга, но дека никој не знае“, открива близок пријател на пејачот.

vo-tajnost-se-ozhenil-so-arapska-princeza-pa-ischeznala-bez-traga-misterioznata-ljubov-na-poznat-britanski-pejach-07.JPG

Друг пријател додава дека Хеса живеела двоен живот за да го скрие бракот – поминувала шест месеци во Дубаи, а потоа шест месеци во Лондон каде можела да биде со сопругот.

Според изворите, на овој начин Хеса и Стедман успеале да функционираат дури 15 години.

Но, нејзиното семејство сепак „намирисало“ дека се случува нешто.

Во 2008-ма, околу две години по смртта на татко ѝ, Хеса одлучила дека е време да ја откријат вистината.

vo-tajnost-se-ozhenil-so-arapska-princeza-pa-ischeznala-bez-traga-misterioznata-ljubov-na-poznat-britanski-pejach-08.JPG

Но, пред да му признае на семејството, најмила адвокатска фирма со цел да си го заштити имотот. Сакала да остане во Англија, па морала да најде начин да ја обезбеди иднината со саканиот.

Со Стедман планирале јавно да се огласат за венчавката на 25-ти јануари 2009 година. Пред официјалната изјава, Хеса сакала приватно да зборува со нејзиното семејство.

Нивните пријатели велат дека во периодот кога биле на чекор до слобода, Хеса едноставно исчезнала.

„Многу се сакаа. Беа како создадени еден за друг. Долг период беа среќни и одеднаш се случи оваа трагедија.

Хеса му беше одземена. Стедман беше неутешен. До денес не знам што ѝ се случило. Беше прекрасна личност. Претпоставувам дека ја однеле во Дубаи“, вели поранешен пријател на Стедман.

vo-tajnost-se-ozhenil-so-arapska-princeza-pa-ischeznala-bez-traga-misterioznata-ljubov-na-poznat-britanski-pejach-04.JPG

Стедман пробувал да открие што ѝ се случило, пријавил и во полиција. Но, од Хеса немало ни трага ни глас.

„Претпоставувам дека присилно ја однеле во Дубаи. Пробавме да му помогнеме на Стедман да открие што се случи.

Пријавивме во полиција, но не откривме ништо. Полицијата рече да престанеме да ја бараме, а нејзиното обезбедување само рече дека заминала и дека не може да се направи ништо.

Околу една недела подоцна, слушнав дека Стедман почнал да се крие. Не ми се јавуваше на телефон, само исчезна. Се повлече од сè. Срцето му беше скршено.

Кога повторно се појави во јавност, не го видов. Не беше ист. Знам дека чуваше фотографии од неа…“, вели поранешен пријател на Стедман.

vo-tajnost-se-ozhenil-so-arapska-princeza-pa-ischeznala-bez-traga-misterioznata-ljubov-na-poznat-britanski-pejach-11.JPG

Пејачот никогаш самиот не се огласил за бракот со Хеса, а не се знае ни што навистина се случило со неа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...
Ќерката на Ким Кардашијан во аутфит со деколте во Рим - на само 12-годишна возраст (фото) И додека 44-годишната Ким се одлучи за сатен и тантела, нејзината ќерка се појав...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...

Најчитани неделава