Бизарна теорија на заговор за чудниот изглед на Џим Кери во Париз: „Го замениле со клон, знаеше премногу“
Кога водителот го праша што е тоа, Џим Кери рече дека дошло време и дека ќе биде „свиркач“:
„Изморен сум од тајните и лагите. Тоа е тајниот симбол на Илуминатите и ти си дел од нив“.
Актерот вели и дека со години, власта најмувала луѓе со цел да го одвлекува вниманието на јавноста од она што навистина се случува.
Според него, било смешно што Џими Кимел и другите пробувале да го скријат сето ова.
Емисијата е снимена во 2014 година, а неколку месеци подоцна, девојката на Џим Кери се предозира.
Па, некои велат дека се сигурни дека Катриона била убиена бидејќи Џим Кери кажал премногу.
Се споделува и друг момент, кога во 1995-та на MTV Awards Крис Исак присилно ја бакна Камерон Диаз.
Потоа на сцената се качи Џим Кери кој присилно го бакна Крис, со цел да му одржи лекција за несоодветното однесување.
На видеото сега има коментари дека Џим Кери одамна сакал да ги разоткрие вистинските лица на моќниците од забавната индустрија.
Во меѓувреме, се огласи мејкап артист за специјални ефекти – Алексис Стон – кој сподели дека тој бил на доделувањето на наградите, преправен во Џим Кери.
Тој сподели две фотки од актерот на настанот, и трета фотка на која се гледа маска која личи на Џим Кери.
„Алексис Стоун како Џим Кери во Париз“, стои во описот.
Објавата привлече многу внимание, а дури и Меган Фокс остави коментар:
„Не можам да се справам со уште повеќе стрес, морам да знам дали ова е вистина“.
Мејкап артистот најверојатно се шегува бидејќи фотката со маската делува како да е направена со вештачка интелигенција. Но, објавата сепак ја продлабочи теоријата на заговор.
Инаку, Џим Кери се повлече од јавност по низа скандали, како самоубиството на девојката – нејзиното семејство го обвинуваше него.
Четири години не се појави во ниту еден филм, за во 2020-та да добие улога во Sonic the Hedgehog.
По второто продолжение на филмот, актерот сподели дека веројатно ќе се пензионира:
„Па, се пензионирам. Најверојатно. Сериозен сум, освен ако ангели не ми донесат некакви сценарио напишано со златно мастило… Си го сакам тивкиот живот“.
Сепак, кога се појави и во третото продолжение на филмот, Џим Кери само спомна дека му требале пари.
Засега актерот се нема огласено за лудите шпекулации за него.