Му се меша во врските, тој ја носи бурмата на татко му: Чудниот однос на Бредли Купер и мајка му Глорија
- Детали
- сабота, 07 март 2026
Бредли Купер дефинитивно е „мамин син“, а фактот што живеат заедно со мајка му и таа му се меша во љубовниот живот само го потврдуваат ова.

Не е тајна дека Бредли Купер е мошне близок со неговата мајка.
Иако е импресивно што актерот, кој е во шестата деценија од животот, има навистина одличен однос со неговата мајка, некои сметаат дека нивната врска е сепак и по малку чудна.
Актерот и мајка му, Глорија Кампано, многу се зближиле по смртта на таткото на Бредли, а кога не се заедно, изворите велат дека се слушаат по неколкупати дневно, без исклучоци.
Што знаеме за односот на Бредли Купер и неговата мајка?
Живеат заедно
Повеќето се иселуваат од домот на родителите откако ќе станат возрасни, особено ако стапат во брак и добијат дете.
Сепак, во 2011 година, по смртта на татко му, Бредли ѝ понудил на мајка си да се пресели неговата куќа во Лос Анџелес.
Таа прифатила и тие живеат заедно до денес.
Актерот има изјавено дека веројатно на мајка му не ѝ е лесно да му биде цимерка, но дека сепак се снаоѓаат добро.
„Ние сме многу блиско семејство, а смртта на татко ми беше брутална за нас. Како афтершок кој никогаш не прекинал. И, тогаш си требавме еден на друг.
Па, еве нè. Притоа, мајка ми не живее во гостинска куќа или нешто такво. Не, нејзината спална е веднаш до мојата.
Мајка ми е кул личност и можеме да се дружиме.
Секогаш ја носи на настани
Додека беше во врска со Ирина Шајк, Бредли Купер почесто ја носеше мајка му на настани отколку неа. Некогаш, пак, ги носеше и двете.
И, овој тренд продолжи и откако раскина со Ирина и ја почна врската со Џиџи Хадид.
Ја носи бурмата на татко му
Таткото на Бредли Купер почина од рак на белите дробови.
Пет месеци пред неговата смрт, Бредли се пресели во домот на родителите за да се грижи за татко му, а на крај тој починал во неговите раце.
„За мене ова беше нова реалност. И беше инстантно. Кога го зеде последниот здив, јас го држев во раце и сè се промени“, има изјавено Бредли.
Оттогаш, актерот почнал да ја носи бурмата на татко му, најпрво на левата рака, а од пред неколку години ја носи на синџирче на вратот.
