Му се меша во врските, тој ја носи бурмата на татко му: Чудниот однос на Бредли Купер и мајка му Глорија

Девојките на Бредли мора да ја сакаат мајка му

Имаше безброј шпекулации за врската на Бредли Купер и Ирина Шајк, а тие мошне добро си ја чуваа приватноста. Имаше гласини и дека Бредли ја изневерувал Ирина.

Но, можеби најлудата теорија е дека тие раскинале поради мајката на Бредли.

Во 2016 година, извор тврдеше дека Ирина се скарала со мајка му за време на божиќните празници.

mu-se-mesha-vo-vrskite-toj-ja-nosi-burmata-na-tatko-mu-chudniot-odnos-na-bredli-kuper-i-majka-mu-glorija-03.JPG

Наводно, Ирина сакала да живеат заедно со Бредли, но тој сакал со нив да живее и мајка му. Па, кога се скарале, актерот и моделот раскинале.

Сепак, постојат извори кои тврдат дека Ирина всушност била многу блиска со Глорија и сите други гласини се само лага.

Во секој случај, јасно е дека прв услов што партнерките на Бредли треба да го исполнуваат е да се во добар однос со мајка му.

mu-se-mesha-vo-vrskite-toj-ja-nosi-burmata-na-tatko-mu-chudniot-odnos-na-bredli-kuper-i-majka-mu-glorija-2.JPG

Мајка му сакала веднаш да ги запознава неговите девојки

Повеќето луѓе чекаат врската да стане сериозна пред да го запознаат партнерот со родителите.

Но, наводно, мајката на Бредли Купер сакала да е во тек со љубовниот живот на актерот, па инсистирала порано да ги запознава неговите девојки.

На пример, Ирина Шајк ја запознала Глорија неполни три месеци откако ја почнале врската.

И Џиџи Хадид беше фотографирана на вечра со Бредли и мајка му кратко откако јавноста дозна за нивната врска.

mu-se-mesha-vo-vrskite-toj-ja-nosi-burmata-na-tatko-mu-chudniot-odnos-na-bredli-kuper-i-majka-mu-glorija-09_copy.JPG

Некогаш му се мешала во врските

Мајката на Бредли Купер е толку вклучена во неговиот живот, што некогаш тој раскинувал со девојки заради неа.

Според некои извори, мајка му претставувала голема пречка во врската на актерот со Зои Салдана и раскинале токму поради неа.

mu-se-mesha-vo-vrskite-toj-ja-nosi-burmata-na-tatko-mu-chudniot-odnos-na-bredli-kuper-i-majka-mu-glorija-11.JPG

Кога актерите одлучија да ѝ дадат уште една шанса на врската, мајка му повторно се вмешала. Бидејќи не успеала да се зближи со Зои, го посоветувала Бредли дека треба да раскинат. И, ја послушал

„Кога Зои и Бредли повторно почнаа да зборуваат, мајка му му рече дека нивната врска веќе се покажа како неуспешна, па нема поента повторно да зборува со неа“, вели извор близок до актерот.

mu-se-mesha-vo-vrskite-toj-ja-nosi-burmata-na-tatko-mu-chudniot-odnos-na-bredli-kuper-i-majka-mu-glorija-06.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg