Го запроси среде трка, му ги исече гумите од автомобилот: Чудниот брак на Пинк и Кери Харт, кои се заедно 20 години
- Детали
- недела, 08 март 2026
Иако се заедно две децении, Пинк и Кери Харт имаат навистина чуден брачен однос. Нивните блиски велат дека или се пред развод или се „луди“ еден по друг, а постојано посетуваат терапевт за да можат да се справат со целата драма.

Пејачката Пинк и нејзиниот сопруг Кери Харт се во брак од 2006-та, но две години беа разделени – од 2008 до 2010-та.
Неодамна се појавија гласини дека повторно се одлучиле за развод, но Пинк жестоко ги демантираше со видео на Инстаграм во кое ѝ порача на јавноста да се интересира за поважни работи, како случајот со педофилот Епстин.
Иако можеби сега не планираат да се разведуваат, Пинк и тркачот Кери имаат навистина чуден однос, а ова го потврдуваат и извори блиски до парот.
Пинк и Кери, кои имаат две деца на возраст од 14 и 9 години, не ја ни спомнаа нивната 20та годишнина во јануари годинава.
Притоа последен пат беа забележани заедно во септември. Тогаш, ни Пинк ни Кери не ги носеа нивните бурми.
Сите овие детали ги разгореа шпекулациите за разделба, но извор близок до парот вели дека за нив не е невообичаено да се „на раб на развод“.
„Постојано се или пред развод, или лудо вљубени еден во друг. Сепак, се борат за нивната врска бидејќи се сродни души.
Но, блиските пријатели ги немаат видено заедно одамна и претпоставуваа дека се разделиле. Пинк и Кери сега се заедно, но којзнае до кога…
Тврдоглави се и прават како што сакаат. Цели 20 години се случува истото. Никој не би бил изненаден ако утре раскинат, а потоа повторно се смират.
Тие се навистина уникатен пар и постојано изненадуваат“, вели изворот.
Пинк и Кери се заедно 20 години, а пејачката има изјавено дека многупати оделе на брачен советник за да го спасат бракот.
Се запознаа во 2001 година, за време на трка на Кери, кој тогаш имаше сериозна несреќа во која скрши три ребра и десното стапало.
Не се познати многу детали за тоа како се зближиле, но набрзо потоа почнаа врска.
Првпат раскинаа во 2003 година, а разделбата беше инспирација за песната Try This на Пинк.
Се смирија околу една година подоцна, за во 2005-та Пинк да го запроси Кери за време на трка.
Додека Кери возеше, Пинк со голем транспарент му го постави прашањето: „Ќе се ожениш ли за мене? Сериозна сум!“
Кери го застана мотоциклот и прифати.
Се венчаа во 2006-та, на Костарика, но Пинк и Кери најавија дека ќе се разведуваат само две години подоцна.
Тогаш Пинк само сподели дека разделбата не е поради неверство или караници, како и дека ќе останат најдобри пријатели.
Додека беа разделени, Пинк го издаде албумот Funhouse, а песните инспирирани од разделбата, како So What и Please Don’t Leave Me повторно ја направија ѕвезда.
Овој период, загина братот на Кери Харт, Ентони, на само 21-годишна возраст.