Го запроси среде трка, му ги исече гумите од автомобилот: Чудниот брак на Пинк и Кери Харт, кои се заедно 20 години
Како Кери, и брат му беше мотоциклист, а додека се подготвувал за трка се здобил со сериозна повредна на главата.
Трагедијата како да ги зближи Пинк и Кери, кои набрзо потоа споделија дека сакаат да почнат да работат на нивната врска.
Во 2010 година тие споделија дека чекаат ќерка, а во 2016-та, добија и син.
Иако децата како да го смирија односот меѓу нив, Пинк и Кери сепак си имаа проблеми, но и скандали.
Еден од поистакнатите е од 2018 година, кога на Денот на благодарноста Пинк ги исекла гумите од автомобилот на Кери, а притоа и се повредила.
Пинк самата го раскажа инцидентот, споделувајќи дека исекла само една гума и си ја пресекла раката, па морала да оди на шиење:
„Успешно ја исеков првата. За втората изгубив контрола и си ја исеков раката со ножот.
Беше Денот на благодарноста. Празниците се многу стресни“.
Низ годините, Пинк и Кери имале многу бурни караници и слични инциденти, за во 2020-та, пејачката да открие дека брачниот терапевт им бил од огромна помош.
„Мислам дека терапевтот е единствената причина зошто сме заедно. Мислам дека по многу време заедно, партнерите како да зборуваат различни јазици“, сподели пејачката, додавајќи дека покрај брачниот советник, и двајцата одат посебно на психијатар.
Во 2024-та, Пинк спомна дека уште еднаш биле пред раскинување.
На објава по повод нивната годишнина, таа напиша:
„За малку немаше да ја прославиме оваа годишнина. Ако бидам искрена, постоеше ризик да не прославиме неколку…“
Низ годините, имаше и периоди кога се шпекулираше дека Кери Харт ја изневерувал Пинк, а ова било причина за уште многу караници. Сепак, парот ги нема потврдено шпекулациите.
Пинк има изјавено и дека некогаш ѝ било тешко да се справи со моногамијата која доаѓа со бракот.
„Некогаш си размислувам за моментите кога не сме биле интимни и се прашувам дали ова е смрт за нашиот сексуален живот.
Дали ова е крајот? Дали го посакувам? Дали тој ме посакува мене? Моногамијата бара работа. Но, ако работите, ќе бидете во ред“.
Иако блиските на Пинк и Кери очекуваат да се скараат во секој момент, сепак велат дека се сигурни дека повторно ќе најдат начин да се смират.
Спирова С. | Црнобело