„Преслаба е, вкочанета и се тресе“ – Фановите загрижени за Деми Мур, по две појавувања каде е непрепознатлива
- Детали
- вторник, 03 март 2026
Деми Мур (63) се појави на Модната недела во Милано со нов имиџ и кратка коса, речиси непрепознатлива, а потоа на Актерските награди воодушеви со гламурозен стајлинг, но ги загрижи фановите со слабиот изглед и коментираат: „Дали е на Оземпик? / Преслаба е...“.

Деми Мур викендов се појави во доминантно издание кое остави силен моден впечаток на Актерските награди во Лос Анџелес.
63-годишната актерка пристигна во елегантна тоалета од Schiaparelli, со крокодилски принт и гол грб, дополнето со елегантен накит.

Сепак освен гламурозниот стајлинг, таа остави впечаток и со својата видно послаба фигура, со што ги загрижи фановите кои се сомневаат дека можеби и таа користи Оземпик.

„Дали е на Оземпик? / Премногу е слаба... / Не изгледаше вака лани, нели? / Дали е на супстанца? / Изгледа храната е многу скапа во Лос Анџелес“ – пишуваат во коментари фановите.

На социјалните мрежи дури и се појави видео од црвениот тепих, каде таа позира, а се пишува дека фановите забележуваат тресење на телото, кое може да биде предизвикано од Оземпик.
Сепак, додека има такви кои ја критикуваат или се шегуваат, голем број фанови коментираат дека не треба да се суди изгледот, бидејќи можеби има здравствена ситуација.
Неколку дена претходно, убавата актерка се појави на Модната недела во Милано, каде исто така ги изненади сите со својот трансформиран изглед.

Освен витката линија на телото која дојде до израз во целосниот кожен аутфит, таа воодушеви со новиот имиџ, односно видно скратената коса, која инаку со години ја носи долга.
Деми се одлучила за краток боб, фризура која годинава ќе биде вистински хит.

Повеќе фотки од нејзините последни две појавувања:





М. М. | Црнобело