Се предозира, доживеа инфаркт, зборуваше со вонземјани: Низ што сè помина Деми Ловато, пред да направи камбек?
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
Деми Ловато почнала да користи опијати на 13-годишна возраст, за потоа да премине и на тешка дрога. Во 2018-та се предозира и речиси умре, а загрижуваше и со однесувањето – им пееше на вонземјани и тврдеше дека ја киднапирале.

По деценија исполнета со скандали, проблеми со менталното здравје и зависности, Деми Ловато конечно застана на нозе.
33-годишната пејачка направи драстични промени, се откажа од пороците, а најде и љубов.
Почна да води подобра грижа за себе, ослабе и ја замени кратката фризура со долга и бујна коса.
Но, покрај промените на приватен план, Деми повторно се активира и на музичката сцена.
Издаде нов албум, додека нејзиниот концерт во Лос Анџелес беше распореден за помалку од 20 минути. Поради огромниот интерес, пејачката веќе размислувала и за турнеја.
Извори блиски до неа, пак, велат дека моментално е во најубавиот период од животот.
„Деми сака да ѝ се врати на поп музиката и никогаш не била поздрава и посреќна, па беше логично сега да направи камбек.
Реакциите за нејзината нова музика се одлични и фановите ја поддржуваат, што значи напорната работа не е залудна. Деми се трудеше многу за да стигне дотука“.
Низ што сè помина Деми Ловато?
Деми Ловато првпат почнала да користи опијати на само 13-годишна возраст, откако ѝ биле препишани од лекар.
„Почнав да експериментирам кога имав 12 или 13 години. Доживеав сообраќајка и ми препишаа опијати.
Мајка ми не мислеше дека треба да ги чува опијатите на побезбедно место од нејзината 13-годишна ќерка, но дотогаш јас веќе ги пиев. Бев жртва на булинг и барав начин да избегам.
Кога мајка ми сфати дека исчезнуваат многу апчиња, дури тогаш реши да ги чува заклучени“, сподели пејачката во интервју од 2022-ра.
Во тинејџерските години, почнала многу да пие, а до 17-годишна возраст пробала и кокаин. Веќе следната година, таа отишла на рехабилитација.
Наредните шест години, Деми некако успевалa да се држи настрана од пороците, за во 2018-та не само да им се врати, туку и да се предозира.
Во нејзиниот документарец, пејачката откри дека повторно ѝ се вратила на дрогата, а овој пат користела метамфетамин, хероин и кокаин. И, станалa зависник.
„Пoчнав да го користам рекреативно и, очигледно, не можете да го правите тоа со хероин, па станав зависна“.
Вечерта кога се предозирала, Деми откри дека пробала „коктел“ од дроги што не ги пробала претходно.
Пејачката била пронајдена од нејзината асистентка, со помодрено лице и речиси мртва. Деми била спасена само затоа што брзата помош пристигнала за неколку минути.